05 Декември, 2025
0.0372

Поплавена половина држава, излеани десетина реки урнати мостови и отсечени села

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2013 12:31

Добивај вести на Viber

Делови од Струмичко, Радовишко, Кочанско, Штипско, Светиниколско и Кумановско се поплавени по поројните дождови што во изминатото деноноќие ја зафатија Македонија. Урнати се мостови и отсечени села, а прелеваат браните Пишица кај Пробиштип и Градче кај Кочани прелива. Големи штети има на земјоделските посеви.

За да се намали опасноста од уривање на браната Пишица која на неклку места попуштила, отворени се два вентила за побрзо испуштање на водата. Од Дирекцијата за заштита и спасување испорачани се 1.500 вреќи со песок за интервенирање на критичните места.

Поплавени се населените места Пишица и Трипатанци во Пробиштипско. Водата е навлезена во домовите и помошните простории.

Утрово децата и вработените од овие населени места не заминале на училиште и на работа бидејќи локалниот пат кој води до населбите е поплавен.

Надојдените води на Злетовска река се излеаја во атарот на кочанското село Уларци каде што што се поплавени голем број куќи, штали и магацини. Од изутрината жителите на ова село се борат со водената стихија, копајќи канали за одлевање на надојдената вода.

Од поројните дождови зголемен е водостојот на Кочанска река, а акумулацијата Градче е на прелив. Благодарение на исчистените канали и речни корита во атарот селата Горни и Долни Подлог и Мојанци, Кочанска река и реката Брегалница истекуваат во своите речни корита.

Македонија пат - секција Кочани со механизација работи на расчистување на одроните од камења и земја на магистралчниот пат кон Делчево над селото Истибање, како и на регионалниот пат Виница-Берово над селото Лаки, каде што има големи одрони од камења и земја. Сообраќајот на овие патни правци се одвива под отежнати услови.

Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица - Штип е во критична состојба. Околу 1.500 жители од селото Злеово целосно се отсечени, а урнатиот мост им е единствена комуникација кон Радовиш и Струмица. Поплавено е и Радовишко поле со големи штети на земјоделските култури, кои се сите под вода. Во село Ораовица меѓу другото поројниот дожд има однесено и еден автомобил, а се направени и големи штети на земјоделските посеви. Синоќешното невреме предизвика и излевање на реката Брегалница од нејзиното корито. Поплавени се 30-тина куќи во штипската населба Ново Село. Според првичните информации на директорот на ЈП „Исар“ Никола Мицевски, поплавени се и бунарите од коишто градот Штип се снабдува со вода за пиење. На Штипјани им се препорачува да не ја користат водата за пиење. Затворен за сообраќај е регионалниот пат од Штип којшто води кон Радовиш од населбата штипско Ново Село поради што возилата коишто доаѓаат од Радовиш и од југоисточниот дел од државата треба да возат по заобиколницата за да влезат во Штип, односно од кај приградската населба Три Чешми. Поплавен е и градскиот стадион во Штип. Алармантна е и состојбата во Свети Николе каде што се поплавени повеќе куќи, а во моментов во градот нема струја.

Пплавени се и стотина куќи и стопански објекти во струмичко Дабиле по излевањето на помошниот канал на реката СтрумицаВо спасувачката акција на противпожарната единица од Струмица, изнесени се постарите жители од нивните поплавени домови.

Поплави има и во Кумановско каде се излеа реката Кумановка во близина на населбата Средрека. Водата зафатила повеќе куќи во населбата и соседните улици. Поплавени се и неколку куќи во Долно Којнаре и улицата „Никола Тесла“. Зголемено е и нивото на водата на реката Којнарка.

Речиси во сите три општини од Кумановско се излеале реките, вклучително и реката Пчиња која поплави дел од куќите во селата Бељаковце, Довезенце и Јачинце. Од Центарот за управување сом кризи информираат дека водата е излеана и во селата Доброшане и Супли Камен, а во општината Липково излеана е реката Слупчанка од која поплавени се куќи во Опае.

Синоптичарите најавуваат дека поројните дождови ќе продолжат и во текот на денов, особено во источна Македонија. Поради топлото време можно е забрзано топење на снежната покривка на планините, што доплнително може да ја влоши состојбата со поплавите.

Намалување на интензитетот на врнежите, според метеоролозите, може да се очекува од утре

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски