15 Декември, 2025
0.0324

ПОПЛАВЕНИ 50 КУЌИ ВО РЕСЕН, ПАДНАТ ПОКРИВ НА КУЌА ВО ПРИЛЕП - бројни штети од досегашните поплави

Објавено во: Македонија 22 Ноември, 2025 12:56

Добивај вести на Viber

Поплавени се домови, земјоделски површини, а на одредени патишта има и одрони, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК) кој сподели и информации за кои региони какви штети се пријавени до утрово. 

Во Општина Ресен, како последица на обилните врнежи, дошло до излевање на реките Болнска и Источка во селата Царев Двор и Дрмени, поради што поплавени се над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделски површини.

- Ангажирани се екипи на јавни претпријатија и приватни фирми со четири багери, седум пумпи и повеќе приватни пумпи за црпење на вода. На регионалните патишта има наноси од земја кои се расчистуваат по приоритет. Нивото на Голема Река е 2,1 метар со почетни излевања во Долна и Горна Бела Црква. ЈКП „Пролетер“ известува за нарушен квалитет на водата – привремено не се препорачува за пиење.ТППЕ Ресен интервенира во село Дрмени со две возила и пет пожарникари, објави ЦУК на својата веб страница.

И Општина Битола пријавува повеќе интервенции:

- ЈП Битола работи во подпелистерските села Нижеполе, Дихово, Цапари, Породин, Жабени, Лажец, Меџитлија, Острец, Граешница и Кишава. ЈП „Нискоградба“ и АД Водостопанство подигаат насипи на р.Драгор кај Долно Оризари.  На мостот во Карамани се расчистуваат гранки и отпад со цел зголемување на протокот. ХМС „Стрежево“ ги чисти пропустите на Цапарска река (Доленци–Лера). Ангажирана е целата механизација, екипите остануваат на терен и во текот на ноќта. 

Поради вода на коловоз, затворени се патиштата Лера–Доленци и кон Цапари. Нивото на р.Црна е зголемено на 2,7 м (во 15:30 ч). ЈКП Водовод – Битола работи на дефект што предизвика прекин на водоснабдување од Кравари до Меџитлија. Преку Е-112 пријавени се повеќе поплави на подруми, дворови, паднато дрво и ризик од излевање на канали - објави ЦУК за состојбата во Битола. 

Во Општина Демир Хисар од излевање на река Црна кај село Жван се поплавени земјоделски површини, а надлежните екипи расчистуваат одрони на локалните патишта Базерник и Вирово, кои се проодни.

Во Општина Прилеп, пак, преку Е-112 е пријавено дека паднал таван на куќа на ул.„Кајмакчалан“, како последица од дождовите. 

Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, пак, извршил повеќе интервенции на поплавени домови. По престанокот на дождот состојбата е стабилизирана, но реките и понатаму се на високо ниво.

Според РЦУК – Куманово, во Крива Паланка и Кратово екипите расчистуваат повеќе одрони на регионалните патишта. Водостојот на Кратовска и Крива Река е зголемен, без пријавени излевања.РЦУК – Струмица пријавил три одрони на патот Струмица–Валандово кои се веднаш проследени до надлежните служби. 

Во Скопје нивото на реките е покачено, но според РЦУК Скопје состојбата е под контрола и без излевања. 

За денес УХМР најавува нови обилни врнежи и предупредува кои реки има опасност да се излеат, поради што предупредија да се внимава кога се патува покрај реките.

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Кривичен суд: Kaтица Јанева осум месеци на условен отпуст

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер