05 Декември, 2025
0.0340

Поплавени два моста на Радовишка река, отсечени 1.500 жители од Злеово

Објавено во: Македонија 26 Февруари, 2013 11:22

Добивај вести на Viber

Поради силниот пороен дожд и надојдените води од Радовишка река, урнати се два моста кај селата Покрајчево и Злеово, а мостот кон селото Јаргулица што ги поврзува со магистралниот пат Струмица - Штип е во критична состојба.

Околу 1.500 жители од селото Злеово целосно се отсечени, а урнатиот мост им е единствена комуникација кон Радовиш и Струмица.

Градоначалникот на општина Радовиш Роберт Велков вели дека направените штети се големи во четири села во Радовишкиот регион. Поплавено е Радовишко поле, со големи штети на земјоделските култури, кои се сите под вода. Велков најави дека ќе го извести Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Во село Ораовица село меѓу другото поројниот дожд има однесено и еден автомобил, а се направени и големи штети на земјоделските посеви.

Поплавени населени места во кочанско

Освен на Радовишка река, надојдените води на Злетовска река од ноќеска ги поплавија населените места Пишица и Трипатанци, Пробиштипско, при што водата навлезе и во домовите и помошните простории.

Утрово децата и вработените од овие населени места не заминаа на училиште и на работа бидејки локалниот пат кој води до населбите е поплавен од вода.

Надојдените води на Злетовска река се излеаја во атарот на кочанското село Уларци каде што се поплавени голем број куќи, штали и магацини. Од изутринава жителите на ова село се борат со водената стихија, копајќи канали за одводнување на надојдената вода.

Од поројните дождови зголемен е водостојот на Кочанска река, а Акумулацијата Градче крај Кочани е на прелив. Благодарение на исчистените канали и речни корита во атарот на полските села Горни и Долни Подлог и Мојанци, Кочанска река и реката Брегалница истекуваат во своите речни корита.

Од Македонија пат секција Кочани изутринава и во текот на денот механизација работи на расчистување на одроните од камења и земја на магистралчниот пат кон Делчево над селото Истибање, како и на регионалниот пат Виница-Берово над селото Лаки, каде што има големи одрони од камења и земја. Сообраќајот на овие патни правци се одвива под отежнати услови

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија