05 Декември, 2025
0.0387

Поплави низ Македонија: Струмица под вода, политиката на мегдан!

Објавено во: Македонија 25 Февруари, 2013 20:25

Добивај вести на Viber

Поројните дождови и врнежите од град го потопија струмичкиот регион. Голем број домови и обработливо земјоделско земјиште беа поплавени, а водата однесе и четири моста во струмичките села, додека целосно е прекинат сообраќајот кај месноста Три реки -Рич, каде што мостот беше однесен од надојдените води. Поплави  има и во Валандово, Гевгелија, Радовиш, а врнежите ја заматија и водата за пиење во Тиквешијата. Поголеми поплави исто така беа забележани и на неколку улици во Тетово, за кои се претпоставува дека немале соодветна атмосферска канализација.Пелагонија пак беше зафатена од  интензивни врнежи од град. Сепак, најлошо мина југоисточниот дел од државата, односно реонот на Струмица. Како што соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување врнежите од дожд предизвикале поплавување  на станбени и деловни објекти, а излеаните води од реките Радовишка и Водочница поплавиле  над 1.500 хектари обработливи површини. Од Дирекцијата исто така биле обезбедени три илјади вреќи со песок за правење насип на критичните точки, како и пумпи за исцрпување на водата. Ангажирана е и градежна механизација за правење насипи на речните корита. Денеска дел од поплавените подрачја ги посети министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески кој посочи дека се преземени мерки за ублажување на последиците. „Ја увидов состојбата на терен. На овие локации веќе е интервенирано, но ние постојано соработуваме со општините со цел да ги намалиме последиците од надојдените води и да ја санираме состојбата“, истакна Јанакиески. И поплавите можност за политички препукувања  Од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ го обвинија струмичкиот градоначалник Зоран Заев дека не презел никакви мерки за решавање на проблемот со поплавите во Струмичко. Оттаму посочија дека ситуацијата ескалирала поради неисчистените шахти и нерешавањето на одводниот канал во Струмица. „Уште ноќеска бевме на терен заедно со кризниот штаб за да ја следиме ситуацијата со излевањата, но не можеше да се контролира штетата настаната поради тоа што Владата не ги исчисти навреме речните корита околу Струмица“, одговори Заев на ваквите обвинувања. Тој обвини дека најголем проблем за поплавите биле затрупаните корита на реките Струмица, Водочница, Крива река и Моноспитовски канал и праша чија должност е нивното чистење и одржување. „Што се однесува пак до каналите кои се во надлежност на општина Струмица,  каналот на ул. Крушевска република и Светиилијски порој, тие и покрај поројниот дожд не се излија, што докажува дека истите редовно се чистат и одржуваат“, одговорија од општината.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија