17 Декември, 2025
0.0535

ПОПЛАВИ: Почна евакуацијата на Карловац, потребна е целата возможна помош

Објавено во: Балкан 13 Септември, 2014 12:02

Добивај вести на Viber

Хрватскиот град Карловац и Штабот за одбрана од поплави ги повикаа сите граѓани кои се во можност да се вклучат во акцијата за одбрана од водената стихија која му се заканува на градот. Според последните информации, водостојот на реката Корана толку брзо расте, што е потребна целата возможна помош. Делови од градот се сериозно загрозени, заради што утрово се огласија и предупредувачки сирени за тревога и подготовка за евакуација. „Постојат делови од градот кои едноставно не можат да се бранат, па жените, децата и постарите ица мора да се евакуираат, бидејќи доаѓа незапаметено висока вода, 50 сантиметри повисока отколку што беше во февруари годинава, кога беа поплавени повеќе стотици куќи“, вели градоначалникот Дамир Јелиќ. Три основни училишта се подготвуваат да ги прифатат евакуираните. Од рано утрово во критичните населби се спроведуваат активности за преместување на материјалните добра и болните и неподвижните лица на повисоките катови од објектите. Двете реки, Корана и Купа, се во постојан пораст на водостојот и во моментот се наоѓаат на водостој од околу 808 сантиметри.    

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни