29 Септември, 2024
0.0278

ПОПОСКИ ОБЈАВИ ПРИКАЗ НА НИВО НА АЛЕРТИ ЗА ЕКСТРЕМНА ТЕМПЕРАТУРА ВО МАКЕДОНИЈА: И во светот секој ден нов тепературен рекорд

Објавено во: Македонија 18 Јули, 2023

Добивај вести на Viber

Метеорологот Славчо Попоски пред еден час објави дека и понатаму продолжуваат екстремно високите температури и тропските ноќи, а температурите достигаат и  до 44 степени под сенка.

-Во Македонија се до крајот на оваа, но и во текот на следната недела продолжуваат екстремно високите температури на воздухот и големиот топлотен Африкански бран. Температурите ќе бидат значително над просекот, посочува Попоски.


Истовремено, екстремните горештини зафатија големи делови од северната хемисфера. Еден по друг, топлотните бранови наизменично се менуваат низ Европа, особено на југот на континентот, како и во делови од Кина и САД. Во исто време, обилните врнежи предизвикаа разорни поплави и однесоа животи во некои земји, вклучувајќи ги Република Кореја, Јапонија и североисточниот дел на САД.

- Во многу делови од светот се предвидува дека денеска ќе биде најтоплиот ден досега забележан. А тие рекорди годинава веќе неколку пати беа соборувани. Топлотните бранови го загрозуваат нашето здравје и живот. Климатската криза не е предупредување. Тоа се случува. Ги повикувам светските лидери да дејствуваат веднаш – предупреди на Твитер Тедрос Аданом Гебрејесус, генерален директор на Светската здравствена организација (СЗО).

Но, вчерашните рекорди веќе може да паднат денес. Голем дел од јужна Европа и Медитеранот е зафатен од екстремни горештини кои доаѓаат од Северна Африка. Се очекува во голем број италијански градови, меѓу кои и Рим, температурата денеска да надмине 40, а на Сардинија би можела да достигне и 46 Целзиусови степени. Слично е и во Шпанија и Грција, каде шумските пожари предизвикуваат дополнителни проблеми. Два шумски пожари, поттикнати од силни ветрови, беснееја надвор од контрола во крајбрежните градови во близина на Атина во понеделникот, принудувајќи ги жителите да ги напуштат своите домови.

Пеколна топлина ја зафати и Кина. Во провинцијата Чинјанг, на западот на земјата, во неделата во 19 часот метеоролошката станица во селото Санбао, измерени се 52,2 степени Целзиусови. Претходната рекордна температура измерена од таа станица во 2017 година беше 50,6. Ксинџијанг е полупустинска област која граничи со неколку централноазиски земји и обично е најтоплиот регион во Кина. Во исто време, тајфунот Талим во понеделникот вечерта стигна до крајбрежната област на јужната кинеска провинција Гуангдонг. Речиси 230.000 луѓе во Гуангдонг се евакуирани.

Среде топлотниот бран што зафати големи делови од јужниот и југозападниот дел на САД, можеби штотуку е поставен нов рекорд за најжешка полноќ досега. На полноќ на 17 јули, метеоролошката станица „Bedweather“ во Долината на смртта, Калифорнија забележа температура од 48,9 Целзиусови степени. Долината на смртта е едно од најжешките места на планетата и го држи актуелниот светски рекорд за највисока температура забележана на Земјата, 56,7 степени измерени во 1913 година.

Додека 80 милиони луѓе се изложени на топлотен бран од јужна Флорида и брегот на Персискиот залив на југ и југозапад од САД, делови од Нова Англија и области долж средината на Атлантикот се соочуваат со бури и поплави. Најмалку четири лица загинаа во саботата во поплавите во градот Апер Макефилд во Пенсилванија, на околу 30 километри од Филаделфија, соопшти локалната полиција. Поројни поплави беснеат во последните денови на североистокот на земјата, особено во Вермонт, чиј главен град Монпеље е катастрофално поплавен. Покрај тоа подрачје, метеоролозите предупредија на обилни врнежи од дожд во делови од централниот дел на САД и долината Мисисипи, како и во Источен Тексас, делови од Арканзас и Луизијана и делови од Заливскиот брег.

ФОТО: EPA-EFE/TOMS KALNINS

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“