Поради царините на Трамп во една земја дури 100.000 луѓе можно е да останат без работа
Објавено во: Економија 16 Јули, 2025 19:57
Гувернерот на Јужноафриканската резервна банка, Лесетија Кгањаго, денеска изјави дека најавеното воведување на царинските тарифи на американскиот претседател Доналд Трамп во Јужна Африка може да предизвика губење на близу 100.000 работни места и процени дека земјоделскиот и автомобилскиот сектор ќе бидат најтешко погодени, пренесува Ројтерс.
Кгањаго го кажа ова на локална радио станица таму и посочи дека влијанието на царината од 30 проценти, со кое Јужна Африка ќе се соочи од 1 август, може да предизвика значителна штета на одредени индустрии.
„Влијанието врз земјоделството всушност може да биде доста разорно бидејќи земјоделството вработува многу нискоквалификувани работници, а тука влијанието е врз агрумите, трпезното грозје и вината“, рече Кгањаго.
Трамп со царините сериозно ги загрижи и европските земји. Тие се спремни за преговори.foto Wikipedia/Dfmalan
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




