Поради „Џонсон Мети“, укината царината за увоз на благородни метали
Објавено во: Економија 20 Јануари, 2013 19:46
За да ја помогне работата на компаниите, пред се на „Џонсон Мети“ како еден од најголемите странски инвеститори во Македонија, Владата ги укинува царините за благородните метали. Според Премиерот Никола Груевски, освен што се инвеститор и вработуваат доста луѓе „Џонсон Мети“ биле и промотор на Македонија.
„Повеќето компании од светот кога доаѓаат и прашуваат за можностите за инвестирање во Македонија одат и кај оние компании кои во последните години инвестирале да ги прашаат дали тие се задоволни и дали Владата навистина го спроведува она што декларативно го кажува кога оди на промоции. Така што од тој аспект овие компании се на некој начин наши промотори и поддржувачи. И секако дека Владата треба да покаже дека правиме се што е во наша моќ да им помогнеме како на нив, така и на сите останати“, појасни Груевски.
Инаку благородните метали се неопходна суровина за производство на катализатори, а компанијата „Џонсон Мети“ мора да ги увезува во земјава.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





