09 Октомври, 2024
0.0289

ПОРАДИ НАПАДИТЕ НА ХУТИТЕ: За колку ќе поскапе кафето?

Објавено во: Економија 26 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

Се очекува зголемување на цената на кафето поради нападите на Хутите на бродовите во Црвеното Море. 

Таму минуваат околу 12 отсто од глобалните снабдувања со кафе. Намалениот проток на бродови, зголемените трошоци за транспорт и лошото време во земјите на производство можат да доведат до големо поскапување на цената на кафето во блиска иднина. 

Кризата во Црвеното Море ги враќа спомените од март 2021 година, кога еден гигантски контејнерски брод се заглави во Суецкиот канал и го блокираше сообраќајот во времетраење од цела една недела. Тогаш се предвидуваше дека цената на кафето ќе се зголеми за 10-15 отсто, но сега ситуацијата е уште полоша. 

Од средината на ноември лани, Хутите гаѓаа 25 трговски бродови.  Воената состојба во Црвеното Море ги принуди бродските компании, како што се Медитеран Шипинг Компани, Маерск, Хапаг-Лојд, да го откажат или заобиколат сообраќајот на товарни бродови низ областа.

Бразилија, кој е најголемиот производител и извозник на кафе во светот, претрпе невидена суша и студено време, кои се одразија на реколтата на кафе арабика, која се користи за правење на висококвалитетно кафе.

Други држави, како Етиопија и Виетнам се соочуваат со внатрешни проблеми, кои можат да го ограничат извозот на кафе. И претходните години во Бразил и Виетнам имаше намален род на кафето поради климатските промени. 

Кина реагираше до Иран да ги заузда Хутите да не вршат напади. Ако тоа не се случи, ќе има последици. 

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Министерката за финансии во Будимпешта потпиша договор за задолжување во износ од 500 милиони евра

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ПОСКАПУВАЊЕ НА НЕДВИЖНИНИ ВО ЕУ: Хрватска е на врвот

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

ГЕРМАНИЈА: Tретина од вработените размислуваат да продолжат да работат откако ќе ги исполнат законските услови за пензионирање

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

КУБА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Mу пишале на Путин

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Потпишан Договорот за заем од 500 милиони евра со унгарската Експорт – импорт банка, обезбедена ликвидност на Буџетот

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

ШПАР ПРЕТСТАВИ ЛОГИСТИЧКИ ЦЕНТАР ВРЕДЕН 110 МИЛИОНИ ЕВРА - нова голема инвестиција во Хрватска

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

КИНА ВОЗВРАЌА НА „ТАРИФНИОТ УДАР“ НА ЕУ: Пекинг планира да ги зголеми царините за европските жестоки пијалоци

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Министерот Дурмиши признава: Лебот, млекото и маслото за јадење не поевтинија

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?

Што покажува трговската размена со светот и каде се загуби извоз вреден 313 милиони евра?