Поради недостиг на средства Грција денес нема да му плати на ММФ?
Објавено во: Балкан 13 Јули, 2015 19:57
Грција нема да ја плати последователната обврска кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), објави „Reuters“, повикувајќи се на свои извори. Денес Атина треба да плати 450 милиони евра од обврските кон Фондот, но нема да може да го направи поради недостаток на средства, вели агенцијата.
Во јуни Грција не ги плати обврските кон ММФ во вкупна вредност од 1,6 милијарди евра. Земјата стана првата развиена економија, која не може да ги згасне обврските кон Фондот.
Во меѓувреме, премиерот на Грција Алексис Ципрас инсистираше ММФ да не учествува во мерките за спас на неговата земја по 2016 година. Ова барање сепак не ја доби поддршката од лидерите на еврозоната.
Од ММФ пак велат дека се подготвени да започнат веднаш со работа за Грција и ЕУ во решавање на кризата во Грција.
Атина треба да врати 8 милијарди евра во јули, вклучувајќи ги и 450-те милиони евра, кои денес требаше да му бидат платени на ММФ, дополнува „Reuters“.
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




