ПОРАКА ОД ЕУ: Во Европа нема место за негирање на геноцидот во Сребреница

Објавено во: Балкан 20 Април, 2024 16:41
Геноцидот во Сребреница е факт, велат од Европската Унија(ЕУ).
ЕУ го осудува негирањето на геноцидот во Сребреница изречено за време на седницата на Народното собрание на Република Српска и митингот „Србија те повикува“ во четвртокот на 18 април, во босанскиот град Бања Лука.
„Во Европа нема место за негирање на геноцидот, ревизионизмот и глорификацијата на воените злосторници и го отфрламе секое негирање, релативизирање или погрешно толкување на геноцидот во Сребреница“, се наведува во соопштението на Делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина.
Делегацијата на ЕУ изјави дека геноцидот во Сребреница во јули 1995 година не е прашање на нечиј личен став, туку е историски факт, утврден во судската постапка пред Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија во 2004 година и Меѓународниот суд на правдата во 2007 година.
Во соопштението за медиумите се наведува дека страдања на граѓаните на БиХ од сите националности за време на војната 1992-1995 година се неспорни и дека почетната точка за вистинско помирување се емпатијата и вреднувањето на страдањата на сите жртви и тоа бара од сите да вложат напори.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја коментираше одлуката на Македонија да биде еден од коспонзорите на резолуцијата за прогласување на 11 јули како Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница. Тој рече дека веројатно го заслужиле тоа затоа што помагаа на Македонија.Можеби ќе ве интересира
А ШТО ВЕЛИ СТОИЛКОВИЌ ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО СРБИЈА? Потребна им е дестабилизација, за полесно да се справат со Р.Српска и да ги протераат нашите браќа од Косово!

„НЕ Е ПРАШАЊЕ ДАЛИ ВУЧИЌ ЌЕ ПАДНЕ, ТУКУ КОГА И НА КОЈ НАЧИН“: Ризикот од немири е голем, оценка на професор од Белград

ПЛЕНКОВИЌ Е ВО БОЛНИЦА ПОРАДИ ОПЕРАЦИЈА НА СРЦЕТО: Имал абнормални отчукувања на виталниот орган

СТИГНА ИТЕН АПЕЛ ОД „СТУДЕНТИТЕ ВО БЛОКАДА“ ПРЕД НАЈМАСОВНИОТ ПРОТЕСТ: „Не ја доведувајте во прашање нашата борба со непромислени потези“

ОЧИТЕ НА СВЕТОТ ВПЕРЕНИ ВО БЕЛГРАД, СТУДЕНТИТЕ ОД ЦЕЛА СРБИЈА СЕ ТАМУ: Денеска е најмасовниот протест од кој стравува Вучиќ

ВУЧИЌ: Не ни паѓа на памет да воведеме вонредна состојба

(ВИДЕО) НАЈДЕНИ СЕ МОЛОТОВИ КОКТЕЛИ И ОРУЖЈЕ: Во Србија полицијата уапси луѓе кои планирале државен удар

(ВИДЕО) ЗУРЛИ И ТАПАНИ: Пуштен е во употреба големиот тунел кој ќе овозможи од Дебар до Тирана да се стигне за еден час
