ПОРАКА ОД ФРАНЦИЈА: Не смее да има големи отстапки за Русија
Објавено во: Свет 13 Февруари, 2025 19:54
Франција порача дека Русија не смее да добие големи отстапки во преговорите за крај на војната во Украина.
Францускиот министер за вооружени сили Себастијан Лекорњу денеска предупреди дека на Русија не смее да ѝ се дозволат прекумерни отстапки во рамките на можните мировни преговори за Украина.
„Ако мирот не биде постигнат преку сила, тоа може да доведе до драматична ситуација, а на подолг рок и до нова ескалација на конфликтот“, изјави Лекорњу.
Тој изјави дека „мир преку слабост“ би испратил погрешен сигнал кон Северна Кореја, Иран, па дури и Кина.
Изјавата на Лекорњу доаѓа еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе разговара со рускиот лидер Владимир Путин за можен прекин на војната во Украина.
Администрацијата на Трамп за првпат јавно објави како ја замислува потенцијалната мировна спогодба, нагласувајќи дека Украина треба да се откаже од аспирациите за членство во НАТО и да не инсистира на враќање на териториите од 2014 година.
Францускиот министер оцени дека оваа позиција отвора прашања за иднината на НАТО.
„Тие велат дека НАТО е најмоќниот воен сојуз во историјата, и тоа е точно. Но, вистинското прашање е дали ќе остане таков и во наредните 10 или 15 години“, додаде Лекорњу.
Украина нема да прифати решение во кое нејзини преставници не учествуваат.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




