15 Декември, 2025
0.0592

Поранешен директор на Фондот за здравство стана управител на најголемата компанија за канабис во Македонија

Објавено во: Економија 29 Мај, 2023 07:45

Добивај вести на Viber

Поранешниот директор на Фондот за здравство, Сашо Стефаноски, ќе ја управува најголемата компанија за одгледување на канабис во Македонија - НЈСК Холдинг, која е концентрирана со својата работа во Општина Петровец и има лиценца за извоз на сув цвет на европските пазари.

Охриѓанецот Стефаноски во 2015 беше назначен на директор на Фондот за здравствено осигурување. Тој по професија е орален хирург, а претходно беше државен секретар во Министерството за одбрана и во Министерството за локална самоуправа. Бил и претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и кратко време на локалниот огранок на ВМРО-ДПМНЕ Центар.

Стефаноски потврди дека е нов раководител на најголемиот увозник на производи од канабис од Македонија, но и за „Фактор“ рече дека повеќе не е политички активен. Досега бил директор на оделот за оперативни работи во НЈСК Холдинг и дека неколку години работел за компанијата.

Стефаноски доаѓа на местото на Златко Кескоски, професор по безбедност, кој досега беше извршен директор на компанијата од нејзиното основање, а од порано познат и по тоа што беше потпретседател на Обединети за Македонија до 2010 и некогашен телохранител на поранешниот покоен претседател Борис Трајковски.

НЈСК Холдинг во јуни 2021 стана првата македонска компанија која доби лиценца за извоз на сув цвет од канабис, како активна фармацевтска супстанција. НЈСК Холдинг е основана во август 2016 година и е првата лиценцирана компанија за одгледување на медицински канабис во земјава и воедно таа е прва македонска компанија со европска лиценца за производство на фармацевтски производи на база на канабиноиди. Од она од што од претходно се знае е дека своите производи ги има регистрирано на пазарите во Полска и Германија, а преку партнерски и сестрински компании, и во Велика Британија, Бразил и Австралија. НЈСК Холдинг е дел од меѓународната групација „Фармакан Интернешнал“ која има свои производствени капацитети и во Холандија, Полска, Германија, Хрватска и Грција. 

Во октомври 2020 новиот производствен капацитет на НЈСК Холдинг беше отворен во индустриската зона Ќојлија во Петровец за кој тогашниот извршен директор Кескоски рече дека е најголемиот во Европа.  На отворањето присуствуваа и поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев кој рече дека ,,НЈСК Холдинг” извезува производи до сите континенти во светот. 

А.К.


Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност