19 Декември, 2025
0.0518

Поранешен мексикански министер проневерил 2,2 милиони долари од државниот буџет

Објавено во: Свет 07 Февруари, 2013 10:26

Добивај вести на Viber

Американските власти запленија 2,2 милиони долари од банкарски сметки на поранешен мексикански министер за финансии кој е обвинет за кражба на државни пари во добро осмислена шема од неколку стотини милиони долари во измислени банкарски заеми. Федералните власти ги запленија парите во Бермудската банка од сметка за која се верува дека ја контролира поранешниот министер за финансии на мексиканската држава Коавила, на границата со Тексас. Ектор Хавиер Вијареал Ернандес, кој е во бегство, мексиканските власти кривично го гонат откако е откриено дека извлекувал пари од лажни банкарски заеми наменети на мексиканската држава и ги префрлувал на банкарски сметки во Тексас, а оттаму на сметка на Бермудска банка. Властите утврдиле дека на негова сметка во депозитот имало 3,9 милиони долари, а дека над 1,9 милиони отишле на купување недвижности во Тексас. Ернандес, чија министерска плата не надминала 100.000 долари годишно, во перењето пари ја вклучил и својата сопруга, како и членови на семејството. Тие се обвинети дека отворале фирми и сметки во американски банки и купувале недвижности во име на повеќе непостоечки компании.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ