18 Декември, 2025
0.0480

Поранешниот шеф на тајната полиција Атанасовски ќе започне бизнис со товарен транспорт

Објавено во: Економија 29 Септември, 2025 07:50

Добивај вести на Viber

Владимир Атанасовски, поранешен шеф на тајната полиција како наследник на Љупчо Андоновски и Сашо Мијалков, ќе започне свој бизнис во транспортниот сектор. Поранешниот осуденик во случајот „Организатори на 27 април“ е основач на фирмата „Тарвос Глобал“ за товарен патен транспорт со седиште во Делчево, местото од каде што потекнува

Поранешниот директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање ни рече дека последните години откако е на слобода, е вработен во фирма од Скопје која гради, изнајмува и одржува деловен простор и дека сега е време да започне самостојно да се испроба како претприемач..

- Во моментов јас сум вработен на друго место и само го скенирам пазарот. Најмногу работите ќе зависат од тоа дали ќе го обезбедам потребното кредитирање и лизинг Треба да се купат половни транспортери и да пронајдам искусни возачи, што  исто така е предизвик. Моја задача ќе биде да менаџирам со логистиката и треба да се знае дека со државата нема да работам, вели тој.

Го запрашавме што е тоа што ќе се превезува. Атанасовски кој на местото на Мијалков, односно на Андоновски, на чело на УБК дојде како директор на Управата за финансиско разузнавање, изјави дека ќе се транспортира се што ќе се побара во моментот на интернационалните платформи

- Во овој бизнис не се бира што се превезува специфично. Превозот се одвива според берзата што е наменета за овој сектор. Се следат рутите кои што во моментот се нудат и ве одбираат ако се пријавите и доколку ги задоволувате техничките услови, објаснува Атанасовски низ разговор.

На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016, откако Мијалков си поднесе оставка поради судирот на полициските сили со вооружена група од Косово во кумановската населба Диво Насеље. На функцијата Атанасовски остана до 16 јуни 2017, додека сè уште не беше почната истрага за организирањето на нападот на Собранието на 27 април и на сè што им претходело на тие настани. Потоа целосно си замина од МВР.  Тврди дека сега повеќе нема никакви политички релации.

- Јас сум менаџер и моја задача беше да помогнам да се преструктуира и реорганизира Управата за финансиско разузнавање со имплементација на најнапреден Систем за финансиско разузнавање пресликан од Кралството Норвешка. Потоа дојдов во УБК и на крајот бев осуден само на основа на нерелевантни сведочења. Половина година минав во ефективен притвор, а потоа две и пол години бев преместен во куќен притвор. Повеќе немам контакти со партијата која сега е на власт, ниту со структурата која тогаш раководеше со државата. Четири години работам за плата во приватниот сектор, изјави Атанасовски.

Тој во јули 2021 доби казна затвор од шест години и беше осуден првостепено заедно со Трајко Вељановски, Спиро Ристовски и Миле Јанакиески. Улогата на Атанасовски, според обвинението, била да ги координира патриотските здруженија и да се грижи да нема доволно полиција пред и во парламентот. Годинава Основниот Кривичен суд Скопје донесе одлука да го прифати нивното барање за амнестија. Во април минатата година судот ја укина првостепената пресуда и го врати предметот на повторно судење.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа