Добивај вести на Viber
Поранешниот министер за економија на Србија, Предраг Бубало денеска беше приведен од српската полиција , јавија српските медиуми.
Според првичните сознанија, Бубало е приведен поради основани сомнвања за малверзации при приватизацијата на претпријатието „Пристаниште Белград“.
Заедно со него полицијата привела уште седум лица, а меѓу нив и поранешните директори на српската Агенција за приватизација Горан Мрѓа и Миодраг Ѓорѓевиќ.