Поранешниот воен лидер Мухамаду Бухари победи на претседателските избори во Нигерија
Објавено во: Свет 01 Април, 2015 11:12
Изборната комисија во Нигерија го прогласи поранешниот воен лидер Мухамаду Бухари за победник на претседателските избори.
Претседателот на комисијата Атахиру Джега изјавил дека Бухари добил над 15 милиони гласови, а неговиот противник, досегашниот претседател Гудлак Џонатан - околу 12 милиони гласови. Според зборовите на шефот на Централната изборна комисија, Бухари има доволно гласови за да биде прогласен за победник и избран за претседател.
Џонатан го признал поразот за да спречи безредија, ги повикал своите приврзаници да го прифатат мирно оваа и да не почнуваат улични протести. „Ничија амбиции не чини за крвта на ниту еден Нигериец“, се вели во неговата порака по изборната победа на 72-годишниот Бухари. „Единството, стабилноста и напредокот во нашата мила земја се поважни од било што друго. Ветив на земјата слободни и фер избори“, изјавил Џонатан.
Тоа би бил прв случај во историјата на независна Нигерија, во кој опозицијата на демократски начин ја преземала власта од владечката партија. Партијата на Гудлак Џонатан е на власт од 1999 година, кога заврши долгата децениска воена диктатура.
Стотици Нигеријци излегле на главната улица во нигерискиот град Кадуна, веат знамиња и извикуваат победоносно поради победата на Бухари. Градот беше центар на политичко насилство по минатите избори во 2011 година, во кои Бухари загуби од актуелниот претседател Гудлак Џонатан.
Кандидатот на опозицијата Бухари е роден во 1942 година и е муслиман. Во декември 1983 година Бухари, кој е генерал, ја зеде власта со државен удар. Тој ги фрлил во затвор корумпираните политичари и егзекутирал шверцери на дрога.
Бухари беше соборен од власт исто со државен удар во август 1985 година. Сега тој ветува дека ќе се бори против корупцијата. Идниот потпретседател Јемин Осинбаджо е адвокат, но и христијански пастор за што имаше цел да ги привлече христијанските гласачи.
Можеби ќе ве интересира
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица
Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете




