17 Мај, 2024
0.0280

ПОРАСНАЛО ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО: ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека растот доживеал фијаско

Објавено во: Економија 29 Септември, 2019

Добивај вести на Viber

Раст на индустриското производство од скоро 10 проценти имало за една година, но опозицијата не се сложува со ова. 

Раст од 9,8 отсто на индустриското прозводство за една година, покажуваат податоците на статистика за август годинава споредено со истиот месец минатата година. Ако се земе в предвид за периодот јануари-август годинава, споредено со истиот период лани, растот е 5,5 проценти на индустриското производство. Вицепремиерот Кочо Анѓушев, вели дека токму овие податоци покажуваат дека економијата во Македонија е стабилна и дека ќе остане така и во наредниот период.

„Според последните официјални податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на индустриското производство во преработувачката индустрија за периодот јануари – август 2019 година изнесува 2.4%. Ако го земеме во предвид фактот дека стапката на раст на индустриското производство во преработувачката индустрија во истиот период лани е 7.2% може да констатираме дека има значително забавување на економската активноста во овој сектор. Дополнително, додадената вредност на преработувачката индустрија во вториот квартал годинава имаше негативна стапка од – 2.2% што само ја потврдува констатацијата за лошите перформанси на најважниот сектор во економијата. Ова е само потврда дека економските политики на оваа Влада се неефикасни и дека планот за економски раст е тотално промашен!“, ова е Фејсбук статусот на комисијата за економија на ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, ќе имаме лоша економска година. 

Можеби ќе ве интересира

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

„ДА СЕ КРАДЕ ОД БУЏЕТОТ 32 ГОДИНИ, НА НАМИЛОСРДЕН НАЧИН, И ДА НЕ МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ...“: целиот разговор со Бранко Азески на „Бизнис муабети“

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

ЕДЕН ОД НАЈБОГАТИТЕ СРПСКИ БИЗНИСМЕНИ КУПИ ХОТЕЛ ВО СЛОВЕНИЈА - има фитнес, велнес и конференциски центар, ова се деталите

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

„Лидл“ за секој вработен во Македонија троши по 3.000 евра месечно

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

Давор Сакач, директор на Telekom Srbija Ventures Fond: Половината стартапи во кои инвестиравме се засновани на развојот и имплементацијата на ВИ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

ФАКТОР АНАЛИЗА: Најуспешни компании во Градот на Гемиџиите - фамилијарен бизнис направи топ-добивка од „амбалажа“ за храна

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

Светски инвеститори со интерес за македонските стартапи

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ФАКТОР АНАЛИЗА: Скопските ИТ компании доминираат со направените добивки кај програмерите

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

ЕКОНОМСКИ НАПРЕДОК: За две децении 10-те „нови членки“ на EУ го удвоија својот БДП

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар

„Ќе забават инвестициите на германските компании во Македонија“: бизнис климата ја оценуваат како добра, но недостига стручен кадар