Пораст на БДП во четвртото тримесечје, на годишно ниво пад од 0, 3 проценти!
Објавено во: Економија 15 Март, 2013 16:01
Бруто домашниот производ во последниот квартал од 2012 година забележа раст од 0,2 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. На годишно ниво економијата забележа пад од 0,3 проценти.
Во четвртото тримесечје од 2012 најголем пораст е забележан во секторите Градежништво од 10,6 отсто и Хотели и ресторани од 5,2 отсто.
Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во однос на истиот период од 2011 година, номинално расте за 1,2 отсто, а нејзиното учество во струкурата на бруто-домашниот производ изнесува 70,7 отсто.
Извозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 0,5 отсто, а увозот на стоки и услуги номинално порасна за 6 проценти.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




