Пораст на бруто и нето платата во октомври од 0,6 отсто
Објавено во: Економија 28 Декември, 2012 13:10
Во октомври росечната бруто и нето плата годинава во однос на октомври минатата година бележи пораст од 0,6 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври 2012, изнесува 21 031 денари. Зголемувањето на нето платата се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 11,4 отсто, Информации и комуникации за 4,7 отсто и земјоделство, шумарство и рибарство за 3,7 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 5,3 отсто, Рударство и вадење на камен за 5,2 отсто и Преработувачката индустрија за 3,1 отсто.
Во октомври 2012 година, 1.8% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според објавените податоци просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври 2012, изнесува 30 875 денари. Зголемувањето се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 9,6 отсто, Информации и комуникации за 4,6 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,8 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење камен за 5,4 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 4,7 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,6 отсто.
Во октомври 2012 година, 1,8 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





