Пораст на прометот во индустријата
Објавено во: Економија 15 Април, 2013 14:39
Прометот во индустријата во февруари годинава во однос на февруари лани бележи пораст од 5,5 проценти, објави Државниот завод за статистика.
Прометот на домашниот пазар бележи пораст од 7,8 отсто, а на странските пазари пораст од 4,3 проценти.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен бележи пораст од 14 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија од 5,1 отсто.
Според главните индустриски групи, пораст има кај Интермедијарни производи, освен енергија за 20,5 отсто и Капитални производи за 11,6 отсто, а опаѓање кај Енергија за 26,4 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 14,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,9 отсто.
Прометот во индустријата во февруари 2013 година во однос на јануари 2013 година, бележи пад од 3,9 проценти, додека во периодот јануари-февруари 2013 година, во однос на периодот јануари-февруари 2012 година, има пораст од 4 отсто.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд




