28 Септември, 2024
0.0477

Порторико – Рајот за богатите

Објавено во: Анализа 30 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Во локалот La Factoria во Сан Хуан, Порторико, времето е два во текот на ноќта. Додека се слуша песната "Get Lucky", подпивнатите парови излегуваат надвор на прошетка по камените улици на градот во топлата априлска ноќ. Во барот 28-годишен маж, кои се занимава со хеџ фондови, зборува за даночниот законик во САД. Тој е опседнат со него, жалејќи се дека Америка е единствената голема држава која им оданочува приход на граѓаните, без разлика каде живеат. Затоа тој се преселил тука. Борејќи се да се справи со економската криза, пред 18 месеци Владата на Порторико усвои закон кој ја претвора земјата во даночен рај за американските граѓани. Ако живеат на островот барем 183 дена годишно, тие плаќаат минимални или никакви даноци. Околу 200 трговци магнати и претприемачи веќе се преселија или пак преземаат чекори за тоа, тврди Министерството за економски развој и трговија на Порторико. Милијардерот Џон Полсон стои на чело на листата, а се очекува мнозина други да се приклучат кон него. Ниските даноци во Порторико се појавуваат во момент во кој некои од најбогатите Американци стануваат се повеќе загрижени за зголемувањето на даноците и расположението, насочено против богатите. Даночните стапки во САД се зголемија по 10-годишна пауза и тоа несразмерно во корист на богатите. Светската финансиска криза и рецесијата, која следеше, поттикнаа движења како Occupy Wall Street, што ја нагласува зголемената нееднаквост и одговорноста на најголемите финансиски институции во креирањето на нередот. Според новите правила во Порторико секое лице кое ќе се пресели да живее на островот, не плаќа локален или федерален данок на капитална добивка. Покрај тоа нема локални даноци на приходи од камати за период од 20 години. Дури и некој кој работи за компанија од копно, но живее на островот, ќе биде ослободен од плаќање на даноците, со кои САД ја оданочува неговата плата. Преместувањето на островот не ги отстранува сите даноци. Американските граѓани треба да продолжат да плаќаат дел од федералните даноци, но сигурно може да заштедите многу, тврди Алекс Дејли, главен технички инвестициски стратег во Casey Research. На крајот на минатата година Дејли се пресели од Стоув, Вермонт до Палмас дел Мар, на околу 45 минути од Сан Хуан. Според стандардите на Њујорк, цените во Порторико се пониски. Куќа со површина од 353 кв.м, со поглед кон водата од секоја соба, чини 1,99 милиони долари. Двокатна куќа со четири спални и две тераси, која се наоѓа во финансискиот реон на градот, може да се купи за 900 000 долари. И покрај тоа куќите не се доволно атрактивни за потенцијалните инвеститори. Вистинскиот предизвик за Брокерите е да ги убедат луѓето дека можат да живеат на ист начин и тука. Меѓу стравот е и тоа дали има доволно добро образовани луѓе со кои да се спријателат, има ли добри училишта за нивните деца, има ли добротворни организации кон кои жените можат да се приклучат, како и висока ли е стапката на криминалот. На крајот од минатиот април властите во Порторико организираа конференција за да им раскажат на потенцијалните жители за новите закони и да им покажат дека Порторико е пријатно место за живеење, особено ако имаш пари. Полсон се обложува дека милионерите ќе почнат да доаѓаат во групи. Тој предвиде дека Порторико ќе стане "Сингапур на Карибите". К.К.