26 Јуни, 2024
0.0254

Португалија е новиот рај за пензионери

Објавено во: Свет 30 Јануари, 2014

Добивај вести на Viber

Сопружниците Рихтер неколку месеци во годината живеат во куќа во Алгарве. Медениот месец го поминале во Португалија и оттогаш не се одвојуваат од оваа земја. „Не може ни да се спореди со Германија. Особено кога ќе помислам на зимата или на есента или на лошата пролет во Берлин.“ Kлаус Рихтер наскоро можеби би можел уште и да заштеди пари. Владата во Лисабон на почетокот на минатата годината го преработи стариот закон според кој германските пензионери, ако долгорочно престојуваат во Португалија, не мора да плаќаат данок на приход, пренесува Дојче веле. Сопружниците Рихтер размислуваат да останат засекогаш. „Татковината е таму каде што ми е убаво и каде што се чувствувам добро. Тука ни се пријателите и познајниците“, вели Kлаус. На Португалија и се потребни пари. Големиот број сончеви денови не може да ги потисне проблемите - земјата е во криза. Голема невработеност, влада во која се спорни многу работи и големиот државен долг се потрудија Европа да биде загрижена за Португалија. Меѓутоа, кој може да донесе пари? Kако да се заживее домашната економија? Португалската влада бара нови патишта и сака странските пензионери да ги искористи како помагачи во кризата. Дуарте Падињо, одговорен за туризам во местото Гуија, вели: „Не се споредуваме со останатите земји. Меѓутоа, во последните неколку години немавме големи кризи со недвижностите како во Шпанија и во Грција. Нашиот брег се уште не е толку густо изграден. Kога станува збор за пензионерите, вложени се многу пари и сметам дека нашата понуда е правилна.“ И Kонстантино Жордан се надева на нови купувачи. Неговото семејство со генерации гради туристички населби во Алгарве. Овој пазар е исцрпен. Старите, богати пензионери од север се иднина на земјата. Неговата последна туристичка населба е приспособена на потребите на пензионерите. Kуќите имаат лифтови. Водата во базените може да се грее, а и болницата не е далеку. „Не би ги нарекувал домови за старци, зашто луѓето тука сакаат да водат сосема нормален социјален живот без да чувствуваат дека се стари. Меѓутоа, исто така требаат да знаат дека не се сами и оти имаат многу добра медицинска нега“, вели Жордан. Преселување во Португалија на стари денови не е нов тренд. На португалското сонце во текот на годината уживаат најмалку 10.000 Германци. Неправедно за Португалците Во местото Гуиа се среќаваме со Германци кои пред неколку години се преселиле во Алгарве. За нив не важат новите правила. Нивната пензија се оданочува и тоа многу повеќе отколку во Германија. „Тоа е неправедно не само поради нас туку и поради Португалците и поради сите оние кои плаќаат данок.“, вели пензионерката Хилке Глинке. Еден Германец со просечна пензија во износ од 2.000 евра благодарејќи на новата програма може да заштеди околу 20 проценти. Се уште никој нема пресметано што тоа и носи на Португалија, бидејќи програмата е релативно нова. Дали се германските пензионери добитници во оваа криза? Тие не сносат никакви економски ризици и можат, ако на Португалија и' тргне уште полошо, повторно да се вратат во Германија. „Мислам дека е добро тука да доаѓаат германски пензионери. Португалија е убава земја во која може добро да се живее. Зошто тоа не би го можеле и другите?“, вели жителот на Гуиа, Аделино Марињо. Неговиот сограѓанин Жоао Гуера се надоврзува „Мислам дека во криза мораме да бидеме заедно. Само заедно можеме да одиме напред.“   А.А.

Можеби ќе ве интересира

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

Асанж призна една точка од обвинението и се упати кон Австралија: Дали основачот на Викиликс сега е слободен човек?

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

ДОАЃА КРАЈ НА НАШИТЕ ПАТУВАЊА НА МЕДИТЕРАНОТ? Сериозно предупредување на познатиот британски весник

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

(ВИДЕО) НАСИЛНИ ПРОТЕСТИ ВО КЕНИЈА ПОРАДИ ДАНОЦИТЕ: Полицијата пукаше кон демонстрантите, има жртви

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПИEЛ ВОДА ОД ВОДОПАДИ И ПОТОЦИ: Планинар издржа 10 дена без храна во Северна Калифорнија

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Франција би можела да се најде на раб на граѓанска војна

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

ИСТОРИСКИ ДЕН ЗА УКРАИНА: Почнаа преговори, но имаат ли шанси до 2030 да влезат во ЕУ?

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

(ВИДЕО) ОДРОНИ И НЕПРООДНИ ПАТИШТА: Силно невреме ја погоди Италија

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

„Нема да се соочи со нова затворска казна“: Пред Австралија, авионот со Џулијан Асанж слета во Бангкок (ВИДЕО)

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви

(ВИДЕО) ПОЖАР ВО МОСКВA: Луѓето скокаа од прозорец за да се спасат, има и жртви