Посетата на Меркел на Македонија во фокусот на странските медиуми
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2018
„Меркел од Скопје: Му благодарам на Борисов за улогата на Балканот“, „Меркел во Скопје: Поддршка за решавање на спорот за името од Германија“, „Meркел: ЕУ има интерес Западен Балкан да биде стабилен“, „Меркел од Скопје му заблагодари на Борисов за поддршката“, се само дел од насловите во српските и бугарските медиуми.
Многу медиумите ја пренесоа веста дека германската канцеларка Ангела Меркел го посети Скопје, и даде поддршка за референдумот закажан за 30 септември.
И грчки Катимерини пишува дека Меркел дошла во Скопје да ги повика граѓаните да гласаат со „Да“ на референдумот.
Ројтерс пренесува дека Меркел била во Скопје за да порача на Македонците да го прифатат Договорот со Грција. Ројтерс во детали ја пренесува нејзината агенда, но и каков резултат е потребен за успешен референдум.