„РАЗБИРАМ ВЕРНИЧКА, РАЗБИРАМ ТРАДИЦИИ, АМА СЕКОЈ БОЖЈИ ПРАЗНИК СО/ДО ПОГЛАВАРОТ ДА БИДЕШ?“ Ванковска за Силјановска Давкова и вчерашното одбележување на Водици
Професорката Билјана Ванковска, со реакција за тоа што претседателката Гордана Силјановска Давкова на вчерашното чествување на Водици, била до поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан.
„Разбирам верничка, разбирам традиции, ама секој божји празник со/до поглаварот да бидеш?!?
Речиси цел месец со верски работи се бави наместо со државни (а се вели, нели, цару царево, богу божје).
Ако мисли дека е ова суштина на македонството - се лаже!“, напиша таа на фејсбук.