Поскапела храната, превозот, здравствените услуги
Објавено во: Економија 02 Мај, 2013 15:58
Раст од 0,9 отсто бележат цените на мало во април годинава во однос на март, додека трошоците на живот пораснале за 1,3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Порастот на трошоците на живот е резултат на повисоките индекси на зеленчукот за 31,1 отсто, овошјето за 4,6 отсто, цигарите за 3,5 отсто, јајцата за 1,8 отсто, свежото и киселото млеко и преработките од млеко за 0,7 отсто, преработките од овошје и алкохолните пијалоци за 0,3 отсто и месото и кондиторските производи за 0,2 отсто.Исто така во април пораснале трошоците за меѓуградскиот превоз на патници со автобус за 5 отсто, авионскиот превоз на патници за 4,6 отсто, ПТТ-услугите за 1,9 отсто, сообраќајните средства за 0,7 отсто, здравствените услуги за 0,5 отсто, услугите за лична хигиена за 0,4 отсто и останати услуги неспомнати на друго место за 0,3 отсто.
Во однос на минатата година цените на мало во април бележат пораст од 0,9%, а индексот на трошоците на животот 3,3 %.
Можеби ќе ве интересира
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра




