19 Декември, 2025
0.0453

Поскапува Еуросупер 98, другите горива остануваат непроменети

Објавено во: Економија 07 Мај, 2013 12:56

Добивај вести на Viber

За половина денар се зголемува малопродажната цена на ЕУросупер БС-98. Малопродажните цени на Еуросупер БС-95 и дизелот остануваат непроменети, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 80 денари за литар. Според одлуката на РКЕ се зголемува цената на мазутот и таа ќе изнесува 40,8 денари за килограм.

Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 101,066 долари за барел и е за 0,39 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 47,25 денари за долар и е за 0,18 отсто повисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,47 отсто или за 4,325 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 0,75 отсто или 6,30 долари за тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,57 отсто или за околу 3,263 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Можеби ќе ве интересира

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра