Добивај вести на Viber
Министерката за енергетика, развој и заштита на животната средина Зорана Михајловиќ изјави дека од февруари може да се очекува поскапување на струјата најверојатно за 10 до 12%.
-Никогаш не лицитирам со проценти. Моментално се правата анализи заедно со Агенцијата за енергетика, која е и телото кое одредува за колку ќе се зголеми цената на струјата. Верувам дека ќе поскапи од 10 до 12%“, изјавила Михајловиќ и додала дека со предлогот за нов тарифен систем ефитна струја ќе има само во вечерните часови.
Михајловиќ изјавила дека струјата и гасот не поскапеле до крајот на 2012 година се додека државата односно Министерството за енергетика не ги заврши социјалните карти во секторот енергетика и се додека не се промени тарифниот систем.
-Социјалните карти се завршени во секторот енергетика и Уредбата треба да се најде на владина седница. Оние кои се загрозени, а според проценката се работи за 400.000 домаќинства ќе ја користат можноста за социјални карти кога е во прашање гасот и струјата“, истакнала Михајловиќ. Според нејзе, пониска цена на струјата ќе плаќаат само социјално загрозените или оние кои се енергетски ефикасни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.