ПОСЛЕДИЦИТЕ ПОЧНАА: Британија ги крева даноците заради Брегзит
Објавено во: Економија, Свет 28 Јуни, 2016 15:51
Министерот за финансии во Велика Британија Џорџ Озборн соопшти за зголемувањето на даноците во земјата и намалувањето на буџетските трошоци во врска со референдумот за повлекување од ЕУ, пишува Ројтерс.
„Сега се наоѓаме во еден подолг период на економска регулација, ние ќе свикнеме на животот надвор од Европската унија, но овој живот нема да е толку розов, како во рамките на ЕУ. Сега треба да се обезбеди даночна безбедност за граѓаните, треба да и покажеме на Велика Британија и на светот дека владата ќе биде во можност да се справи со своите задачи “, рекол Озборн.
Сепак, оваа влада ќе треба да преземе серија непопуларни мерки. Само пред 2 недели пред Брегзит, Озборн коментираше за евентуалното зголемување на даноците, ако Велика Британија ја напушти ЕУ. Сега, сепак тоа ќе биде факт, за да се компензира буџетскиот дефицит во земјата преку зголемување на даноците.
Основната стапка на данокот од доход може да се зголеми за 2% (до 22%), данок на наследство - 5% (до 45%), акцизите за бензинот и алкохол - со 5%. Државните расходи за здравство, одбрана, образование, полиција и транспорт ќе бидат скратени, коментира Озборн на 15 јуни.
Во одговор на новинарското прашање за можното зголемување на даноците и намалување на буџетските трошоци, Озборн беше краток „Да, апсолутно“", изјави шефот на британската каса.
Претходно беше соопштено дека Брегзит до моментов ја чини светската економија 3 трилиони долари.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




