18 Декември, 2025
0.0370

Последната шанса за Грција

Објавено во: Балкан 13 Јуни, 2015 08:31

Добивај вести на Viber

Дали ви се превртува во желудникот веќе од зборот "Грција"? Многу добро ве разбираме. На сличен начин веројатно се чувствуваат и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристин Лагард. Во последните два дена прво претседателот на ЕК, а потоа и службеници на ММФ пропаднаа на средбите со грчката делегација, бидејќи не гледаат напредок во преговорите. "Топката е во полето на Грција", изјави портпаролот на ММФ, откако претставниците на Фондот ги напуштија гласно преговорите поради недостатокот на каков и да е напредок. Но, се појави уште еден проблематичен сигнал. Според информациите на Bild германската влада веќе се подготвува сериозно за државен банкрот на Грција. Според медиумот се разгледува можноста во ваков случај да се воведе контрола на капиталниот трансфер. Владините експерти во Берлин работеле на планот во тесна соработка со Европската централна банка (ЕЦБ). Сепак сеуште германската влада нема конкретен план како да реагира во случај на банкрот. "И канцеларката веќе знае дека времето нема да дојде, за да се спаси Грција до 30-ти јуни", цитира Bild висок дипломат. Дури и да се дојде до конкретен договор, нова спасувачка програма треба да биде усвоена од голем број парламенти, вклучително и од германскиот Бундестаг, а за тоа ќе биде потребно време. Затоа членството на нашиот јужен сосед во еврозоната повеќе од кога виси на конец. Еве кои се најважните прашања и одговори на оваа тема: Што значи одложување на рокот на плаќање што ММФ и го обезбеди на Атина во почетокот на јуни? Минатиот петок Грција не успеа да плати транша на ММФ од 300 милиони евра. Земјата претпочита да ги обедини сите достасани во месеци транши во еден пакет од 1,6 милијарди евра, кој треба да се платат до крајот на јуни. Ако дотогаш добие пари од доверителите. ММФ се согласи на овој предлог, но според аналитичарите тоа може да биде последен гест од страна на Фондот. Како изгледа распоредот за плаќањата? Доста е натоварен. Договор треба да има до 18-ти јуни, кога има средба на министрите за финансии на еврозоната, бидејќи до крајот на јуни и голем број национални парламенти треба да дадат зелено светло, меѓу кои и Бундестагот. Токму за германскиот парламент се шпекулира дека тешко ќе помине каква и да е нова помош за Грција. До кој степен се раздвоени позициите на доверителите и Грците? Доста. ЕУ, ЕЦБ и ММФ се очигледно подготвени да ги омекнат барањата во однос на примарниот суфицит. На овој параметар Грција мораше да постигне плус од 3 отсто оваа година, а во наредните две - од 4,5%. Сепак, ова е невозможно, бидејќи по изборот на СИРИЗА земјата повторно се најде во рецесија. Сега веќе доверителите се подготвени да прифатат вишок од само 1 отсто за оваа година, а потоа - 2 и 3 проценти. Поинаку кажано - некогаш планираното намалување на долговите ќе се случи подоцна. Друг контроверзен момент е првенствено пензискиот систем. Тука Атина треба да ги скрати трошоците во износ од 1% од својот бруто домашен производ. Сепак грчките власти одбиваат какви и да е кратенки на плати и пензии. Покрај тоа, тие инсистираат за реструктуирање на долговите и инвестиционен план, за да може економијата на земјата повторно да се повлече. Грчката економска јавност (печатот) шпекулира дека предлозите на Атина ќе внесат во државната каса 1,8 милијарди евра. Но предлозите на доверителите предвидуваат оваа сума да е во износ од 3 милијарди евра. Дали се мисли на нови трикови за да се задржи некако Грција во еврозоната? Веројатно. Речиси 11 милијарди евра, кои засега беа предвидени за реструктуирање на потресени грчки банки, можат да бидат обезбедени за плаќање на долговите. Бидејќи во јуни има доста транши. До кој степен доверителите можат да отстапуваат пред Атина? Не многу. ММФ покажува дека е доста флексибилен при некои одлуки, но во однос на евентуалниот иден трет пакет со помош нема да учествува. Се повеќе земји од еврозоната во меѓувреме исто така, почнуваат да се противат на постојаните отстапки пред Грците. Посиромашни држави, како Словенија на пример. А другите кои се во криза се прашуваат зошто се почитуваат правилата кои очигледно за други не се толку строги. Како реагираат самите Грци? Заштедите во грчките банки се намалија од април наваму од 160 милијарди евра до 120 милијарди евра. Волуменот на трошоци во Грција според Economist само оваа година сепак е надоместен со над 10 милијарди евра. Грците сакаат да трошат сега, пред нивните средства во евра во банките да се претворат во бесмислени драхми. Освен тоа се зголемува и одливот на капитал што може да се дешифрира во техничка анализа преку така наречените салда на Target-2 на грчката централна банка. Според Barclays обврските кон евросистемот се зголемува од април наваму од 160 милијарди до 220 милијарди евра. Како реагира пазарот на обврзници? Изненадувачки мирно. Две и четиригодишните обврзници на Грција, чиј принос оваа година веќе прилично се зголеми, се стабилни. Профитабилноста не расте засега. И осигурувањата во случај на банкрот не се зголемуваат драматично. Ќе падне ли Ципрас од власт? Сосема е возможно. Според зборовите на заменик-министерот за социјална сигурност Димитрис Стратулис грчката влада може да свика предвремени избори, ако доверителите не ги ублажат барањата. "Доверителите сакаат да наметнат тешки и строги мерки", изјави Стратулис, познат со цврста позиција. "Ако тие не се откажат од притисокот, Владата ќе мора да најде алтернативни методи. Избори ". Голем број аналитичари се согласуваат дека дури и ако Ципрас се договори со доверителите, како резултат на тоа тој ќе мора да го претстави договорот за гласање во парламентот во Атина. А ако добие гласови од други партии за да си обезбеди мнозинство, тоа ќе ја подели коалцијата. Ако биде избегнат Grexit (излегување на Грција од еврозоната) сега, ќе плаќаат ли веќе само Европјаните? Така изгледа. Тогаш Европјаните ќе имаат повеќе слобода без строгиот ММФ, кој се потпира на правилата кои важат за сите членови. Третиот спасувачки пакет би можел да биде во износ од 50 до 80 милијарди евра, покажуваат пресметките. Ќе дојде ли до "кастрење" на долгот, односно делумно одбивање од долгот? Да, како и да се нарекува овој чекор. Без разлика дали станува збор за сечење, или за одложување на плаќањата во далечна иднина. Обврските на земјата се толку високи во однос на економските достигнувања што таа нема да може да го отплати реалниот долг и по 100 години. Неслучајно министерот за финансии Јанис Варуфакис проговори за воведувањето на "вечни обврзници" - еден вид на "постојани, неопределено време или вечни обврзници", кои ќе ги заменат записите кои ги држи во моментов ЕЦБ. Тоа практично би значило дека земјата може и никогаш да не ги плаќа оние достасани износи, што би значело простување на дел од долгот. Што би значел еден Grexit за пазарите на капитал? Многу експерти не очекуваат сериозни последици, но тоа е дискутабилно. UBS пример даде конкретни пресметки уште во пролет. Пазарот на капитал на Италија би се намалил за една петтина, на Шпанија - за една четвртина, а светскиот индекс - со една десетина. Европскиот банкарски индекс би можел да се сруши со 30 отсто. Најмалку би била засегната Азија. Обработка: К.К. Извор: Investor

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата