„Пословни дневник“: ЕУ чека на хрватската работна сила
Објавено во: Балкан 18 Февруари, 2013 15:26
Освен Велика Британија и Германија, ниту една друга европска земја не најави дека по влегувањето на Хрватска во Европската унија ќе воведе ограничувања на вработувањето на хрватските граѓани, објави хрватскиот бизнис портал „Пословни дневник“.
Според порталот интерсирањето за хрватската работна сила во некои земји е мошне голема и тие само го чекаат официјалното влегување на земјата во Унијата.
Австријците се најмногу заинтересирани за хрватските угостителски работници, Чесите и Словаците за лекарите, а освен угостители, австрискиот пазар на труд би можел да се отвори и за физиотерапевтите, информатичките инженери и градежниците.
Уште следната зима околу 300 хрватски угостители со добро познавање на германскиот јазик би можеле на неколку месеци да се вработат во австриските скијалишта.
„Пословни дневник“ пишува и дека дел од хрватските работодавачи чекаат отварање на границите и мобилност на работната сила. Станува збор претежно за домашните работодавачи, кои и досега сметаа на работници од странство, за кои постои квота за увоз на странска работна сила.
Стотина работници од Бугарија и Романија би можеле во Хрватска да се вработат до крајот на оваа година, а освен хрватските бродоградилишта и пристаништа и оние градежни компании, кои досега сметаат на странски работници преку квотата, која ја издава Министерството за внатрешни работи на работниците од ЕУ сметаат и некои работодавачи, кои досега не пројавуваат таков интерес. Меѓу првите е „Алтера група“, која се занимава со чистење и одржување, а која е заинтерсирана за работници од Бугарија и Романија, бидејќи се поевтини од домашните
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





