„Посмртна поворка за белите дробови“ – ќе станеме ли свесни за ефектите од загадувањето?
Објавено во: Македонија 04 Јуни, 2014 14:17
Посмртна поворка за белите дробови ќе се симулира утре пред Меморијалниот центар на Мајка Тереза во Скопје, како дел од одбележувањето на 5 јуни - Светскиот ден на животната средина.
Целта на акцијата во организација на Еко-свест и други еколошки здруженија е да се алармира за сериозните здравствени ефекти од аерозагадувањето, но и да се посочат стратешки мерки кои треба да ги преземат институциите.
„Според студијата на Институтот за јавно здравје издадена во 2012 година како дел од студијата за зелен развој на Светската банка, во Македонија секоја година умираат 1.350 луѓе од последиците од загадениот воздух. Секако, овие смртни случаи не се единствениот данок на загадувањето кој го плаќа македонското население – според истиот извештај загадувањето со прашина поситна од 10 микрометри македонската економија ја чинело 253 милиони евра во 2011 година“, велат организаторите.
Изворите на загадувањето се многубројни, а како главни се посочуваат моторните возила, индустриските капацитети, градилиштата, палењето на материјали несоодветни за горење (пластика, автомобилски гуми и слично) и термоцентралите кои работат на јаглен.
Во Европа, иако состојбата со загадувањето е далеку подобра од кај нас, 10 отсто од децата имаат астма, а 30 милиони возрасни страдаат од неа. Секоја година 54.500 Европјани умираат од рак на респираторните органи поврзан со загадување на воздухот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Владата демантира преговори со Британија за прифаќање азиланти
БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија





