ПОСТАТ, НО СЕКАДЕ НЕ ВАПЦААТ ЈАЈЦА: Како луѓето го слават Велигден во различни земји?
Објавено во: Свет 14 Април, 2025 07:47
Во различни земји, верниците имаат поинакви обичаи за прославувањето на Велигден. Но, иако во повеќе земји за празникот верниците вапцаат јајца, тоа не го прават секаде.
Прашавме верници од повеќе држави и тие велат дека пред празникот постат, за празникот одат во црква и подготвуваат богата трпеза. Сузана Геворгијан од Ерменија објаснува дека вечерта пред Велигден почнуваат да слават, така што одат во црква и таму земаат света храна и света вода. Taa додава дека вапцаат јајца, но ако се случило некој член од семејството да починал скоро, овој ритуал го прескокнуваат.
„Ги посетуваме соседите и им носиме јајца. Исто така многу сакаме да го украсиме домот со цвеќиња и трева. Има сличности, но можеби има и некои разлики. За вечера не правиме месо, туку јадеме риба, ориз, јајца, пиеме вино. Видов дека вашите цркви се навистина прекрасни. Нашите се во поинаков архитектонски стил. Имаме многу стари, но и многу нови цркви во Ерменија“, објаснува Геворгијан која живее во Ереван.
Во Грузија обичаите се слични како и во Македонија. И тие вапцаат јајца за Велигден.
„Пред празникот постиме, а на празникот почнуваме да јадеме мрсна храна. Ден после празникот, одиме на гробишта, да ги посетиме оние кои нè напуштиле, носиме јајца, вино и различни јадења. Се собираме и се сеќаваме“, вели Какха Нозадзе од Тбилиси, Грузија.
Но, христијаните во Етиопија не подготвуваат шарени јајца за празникот. Фиталев Лезав од Дебарк од Етиопија вели дека за празникот јадат овчо месо за ручек.
„Го славиме Велигден така што наутро одиме во црква“, рече тој.
Ана Тешу која живее во Адис Абеба во Етиопија објаснува дека постат неколку седмици пред Велигден.
„Постиме, не јадеме месо, јајца, путер, млеко. Ден пред празникот не јадеме цел ден. Свештениците ги поминуваат денот и ноќта во црква, каде се молат и пеат. По завршување на церемонијата, наутро, секој си оди дома да јаде со семејството. Ние не шараме јајца, но луѓето носат традиционална облека од бел памук со крстови на неа“, додава Тешу.
Украинците вапцаат јајца, но и печат колач за празникот.
„Велигденското колаче се вика „паска". Боjадисаните jаjца се викаат „крашанки" (само со боjа) и „писанки" (украсувани со различни примери и древните симболи). Во Украина имаме музеj на писанка. Овие традиции се многу древни и се поврзани со верувањата на нашите предци, пред да бидат христијани“, вели Ана Бахријана, Украинка.
Велигден го празнуваме во недела, а во понеделник е државен празник за сите граѓани во согласнот со Законот за празниците.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com/EyeEm
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




