01 Јуни, 2024
0.2094

Поставете си го ова прашање пред да прифатите нова работа!

Објавено во: Мои пари 17 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Добивте попримамлива понуда за работа? Не брзајте да ја прифатите. Прво што треба да направите е да си поставите едно прашање - со што ова работно место е различно од сите други?

Така барем смета Адам Грант - професор по менаџмент во училиштето "Вартон" на Универзитетот на Пенсилванија и автор на книгата "Originals", која претстои да излезе на американскиот пазар. Во својот напис во „The New York Times“, тој пишува:

"Културата на вашето работно место ќе има огромен ефект врз вашата среќа и успех, па затоа е важно да проучите какви вредности, норми и практики има компанијата, пред да ја прифатите новата работа во неа."

Според него, одговорот може да биде добиен во форма на приказна. "Замолете ги луѓето да ви раскажат приказна за нешто што се случило во компанијата и не се случило никаде на друго место", советува професорот.

Тој дополнува дека при толкувањето на чуени приказни е од клучно значење да ставиме акцент на активностите на луѓето, бидејќи принципите и вредностите се манифестираат преку нив. Во секоја приказна треба да се набљудуваат три работи: каква "правда" и праведност се применуваат на работното место, колку има безбедност во него и заштита на вработените, каква контрола имаат луѓето врз судбината на компанијата и дали им се дава можност да и влијаат на добро преку идеите и работата.

Можеби ќе ве интересира

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Новите MINI автомобили се уште постилски, дигитални и харизматично едноставни

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

Ananas слави една година во Македонија со голема роденденска кампања

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

ВАЖНО ЗА СИТЕ СЕГАШНИ И ПОРАНЕШНИ СТУДЕНТИ НА ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ-СКОПЈЕ: Поврзете се преку Алумни асоцијацијата, таа нуди бројни придобивки

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Проектот „Порта Европа“ ќе продолжи да живее преку книгите и читателите

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Вистинска инспирација за новата генерација на втората конференција „Чувари на мудроста“

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

Следете го UEFA EUROTM 2024 на светскиот број еден Hisense телевизор од 100 инчи

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!

“Code Your Future” – Практикантската програма на AITONIX е отворена!

Кожувчанка со ново освежување - Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active

Кожувчанка со ново освежување - Кожувчанка Wellness и Кожувчанка Active

Несекојдневна мејл порака до еден тим

Несекојдневна мејл порака до еден тим