18 Декември, 2025
0.0589

ПОСТХУМНА СНИМКА: Калибали: „Станав против полицијата“

Објавено во: Свет 11 Јануари, 2015 13:21

Добивај вести на Viber

Маж кој многу потсетува на Амеди Кулибали, еден од убиените напаѓачи во акцијата на полицијата во Париз, на видео снимка која денес беше поставена на Интернет изјави дека е член на екстремистичката група Исламска држава. Обраќајќи се во камера, мажот вели дека „станал против полицијата“, додека текстот кој поминува преку сликата потврдува дека го убил полицискиот службеник на југот во Париз во четвртокот и дека ја нападнал еврејската продавница наредниот ден, пренесува „АФП“. Француските сили за безбедност во моментов насочени се кон пронаоѓање на Хајат Бумедиан, партнерка на Амеди Кулибали, кој во петокот држеше заложници и уби четворица од нив. Во американските медиуми се појавија информации дека таа можеби уште пред нападот отпатувала во еден турски град во близина на сириската граница од каде и се губи секаква трага. Пред да биде убиен, во акција на елитните полициски единици, Калибали им рекол на новинарите дека е припадник на џихадистичката група Исламска држава. Калибали и Бумедиен се главни осомничени за убиството на сообраќајниот полицаец во четвртокот во близина на француската престолнина. Овој напад дополнително ја потресе Франција која се опоравуваше од терористичкиот напад врз редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли Ебдо“ во средата кога двајца вооружени напаѓачи, браќата Шериф и Саид Куаши, убија дванаесет лица меѓу кои 10 новинари и двајца полициски службеници, додека 11 лица беа ранети. Браќата Куаши, кои држеа еден заложник во печатница, беа убиени во петокот во акција на француските сили за безбедност.    

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија