19 Декември, 2025
0.0590

Постигнат договор за цената на килограм ориз

Објавено во: Агробизнис 03 Ноември, 2013 10:10

Добивај вести на Viber

Трговците и производителите на ориз постигнаа договор. Килограм бел ориз ќе се продава по цена од 50 денари, објави телевизија Стар. Договорот следува откако претходно, трговците на производителите им понудија само 48 денари, цена која оризопроизводителите ја оценија како непристојна. Ова беше причина за големо земјоделско незадоволство, но и интервенција на земјоделскиот инспекторат, кој во ваквата одлука на трговците препозна некоректност. Во Источниот регион под ориз се засеани околу 4.000 хектари, од кои се добива 25.000 тони оризова арпа или околу 10.000 тони бел ориз.

Можеби ќе ве интересира

Наместо сливи и кајсии, тој избра лаванда и направи хит ликер

Наместо сливи и кајсии, тој избра лаванда и направи хит ликер

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар