Постои ли поврзаност меѓу слободниот пазар и сиромаштијата?
Објавено во: Анализа 23 Јуни, 2014 07:49
Основната идеја дека немешање во економијата предизвикува сиромаштија е силно неоснована. Согледувајќи ги сепак благата кои ги обезбедува капиталистичкиот систем, Кина и Индија постигнаа одреден напредок во последните години, намалувајќи ја сиромаштијата токму благодарение на воведувањето на некои капиталистички мерки. Се разбира, Пекинг и Њу Делхи сметаат на добриот стар регулиран капитализам, но и тој е подобра опција од нивните претходни силни социјалистички системи.
Познат факт е дека постојат значителни подобрувања во условите на живот во целиот свет во последните 30 години. Најголем напредок во најсиромашните земји се случи за време на бранот на глобализација, кој се случи пред околу 20 години непосредно по падот на Железната завеса. Распадот на Советскиот Сојуз ја отвори вратата кон невидена глобализација на индустријата.
Што ни кажуваат реалните податоци за сиромаштијата во овој период? Бруто домашниот производ по глава на жител е зголемен драматично:
Пред 30 години околу 50 отсто од луѓето во посиромашните земји во светот живееле во крајна сиромаштија. Во 2012 година 21 отсто од луѓето во посиромашните земји во светот живееле во крајна сиромаштија. Со други зборови, развојот на глобалните пазари значително ја намали сиромаштијата во светот. Да, кардиналот Марадиага греши - оваа економија не убива, таа го подобрува животот на најсиромашните.
Еден површен преглед на светот денес покажува дека има сиромаштија, која е реална последица на животниот стандард и просечниот животен век, и истовремено дека глобалните пазари и капитализмот се сериозно застапени во поголемиот дел од светот. Повеќе внимателна анализа сепак покажува дека капитализмот навистина го намалува товарот на сиромаштијата со текот на времето, и дека главниот проблем поврзан со него во повеќето држави е дека има премногу прописи и премногу нерегулиран врски на власта со крупниот бизнис.
Вистината е дека папата Францис и кардиналот Марадиага веројатно имаат добри намери, но нивните анти-капиталистички убедувања се неосновани. Нивната кампања против глобалниот капитализам ги загрозува токму најсиромашните луѓе во светот.
K.K.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





