18 Декември, 2025
0.0357

ПОСТОИ ОПАСЕН ВИРУС КОЈ Е БРОЈ ЕДЕН НА ЛИСТАТА НА БИОЛОШКО ОРУЖЕ: Епидемиолгот Петровиќ открива кои земји екпериментираат со тој вирус

Објавено во: Балкан 17 Март, 2022 12:19

Добивај вести на Viber

Епидемиологот Радмило Петровиќ вели дека според неговите информации, може да се направи биолошко оружје кое напаѓа само одредена нација и дека се работи на тоа.

Биолошкото оружје не е насочено само против луѓе, корисни растенија и домашни животни, туку има за цел да ја стави на колена земјата против која е економски насочено, изјави за РТС д-р Петровиќ, познавач на опасните вируси.

- Кога станува збор за биолошки лаборатории, секоја лабораторија во светот може да биде потенцијален производител на биолошко оружје. Од бактериски агенси, антракс може да произведе секој. Во текот на 2004 година имало 12 земји кои произведувале биолошко оружје, а тоа било забрането со Конвенцијата на ОН во 1972 година, со сила од 1975 година, што значи дека никој не смеел да произведува. Но, злобните луѓе се обидуваат да создадат супервирус, да го спојат вирусот кој најлесно се шири со вирусот кој дава најголема смртност. Вирусот САРС беше поврзан со азискиот тип на ДНК и ја предизвика болеста само кај Азијците, што се чинеше дека е точно, имаше случаи во САД, но сите случаи беа увезени. Биолошкото оружје се користи како увертира на економската војна. Вариола дојде во февруари 1972 година, а потоа имаше операција „Радуша“, каде терористите од Австрија преминаа кај нас и се обидоа да кренат востание против Титова Југославија - потсети Петровиќ.

Тој посочи и кој вирус е на врвот на листата на биолошко оружје, како и кои земји експериментираат со тој вирус.

- Вирусот Вариола вера се уште е број еден на листата на биолошко оружје. Тој е многу стабилен во надворешната средина. Може да остане во сушена форма долго време. Засега само две лаборатории смеат да го чуваат вирусот, тоа е во Атланта во САД и една лабораторија во Москва, и дозволено е да се прават експерименти за да се добијат нови лекови - рече епидемиологот, додавајќи дека му се чини дека некој се обидува да создава паника со вирусот на големите сипаници.

Д-р Петровиќ потсети дека неодамна во лабораторија во Пенсилванија случајно се откриени неколку епрувети со замрзнатиот вирус на Вариола вера, а лани летото, како што вели, читавме дека во Швајцарија се отворала банка на опасни вируси.

ФОТО: EPA/Leszek Szymanski

Можеби ќе ве интересира

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии