Потпишан договор за 10 милиони евра повластени кредити за мали и средни претпријатија
Објавено во: Економија 20 Јуни, 2018 13:57
ЕБРД започнува нова Програма за поддршка на конкурентноста на Западен Балкан.
Првата банка во регионот која ќе пристапи во овој проект е Охридска банка, која потпиша договор со кој на малите и средни претпријатија во Македонија им се ставаат на располагање 10 милиони евра повластени кредити за инвестиции.
Овие мали и средни претпријатија го формираат столбот на локалната економија. Според бројките на ЕУ, тие сочинуваат речиси две третини од вкупната додадена вредност и околу четири петтини од сите работни места, што е многу над просекот на ЕУ од 57 отсто и 66 отсто.
Сепак, пристапот до финансии останува предизвик и заемот на ЕБОР е да му понуди на приватниот бизнис нови можности за наоѓање на средства за инвестиции. Средствата ќе бидат конкретно насочени кон надградба на производните капацитети за подобрување на конкурентноста на локалните компании.
Министерот за финансии Драган Тевдовски кој присуствуваше на потпишувањето на договорот кажа дека оваа кредитна линија претставува ликвидносна инјекција која ќе придонесе за придвижување на малите и средни претпријатија (МСП). За 15 отсто од инвестициите тие ќе добијат поврат на средствата во форма на гранд од ЕУ.
Тведовски посочи дека кредитната линија се реализира преку Програмата за поддршка на конкурентноста и иновативноста и е стимул за вложување во нови производни капацитети и отворање нови работни места.
Финансиската поддршка ќе биде надополнета со техничка помош за спроведување и следење на програмите за подобрување на конкурентноста и перформансите. Грантовите за техничка помош и стимулации кои ќе им бидат исплатени на суб-позајмувачите по успешното завршување на нивните проекти се обезбедени од страна на ЕУ. Во рок од една година од сега, ЕБРД очекува да им стави на располагање на кредит од 30 милиони евра на македонските комерцијални банки, додека ЕУ ќе придонесе со уште 6 милиони евра.
Финансирањето од 70 милиони евра од заемите на ЕБОР и 15 милиони евра во грантови на ЕУ ќе ја зголеми големината на целокупната рамка до вкупно 124 милиони евра во заемите на ЕБОР поддржани од 26 милиони евра во грантовите на ЕУ.
„Конкурентноста на приватниот сектор беше и останува една од главните теми на македонската стратегија на ЕБОР за земјата. Ние сакаме да понудиме понатамошни стимулации сега за да им помогнеме на локалните компании да ја подобрат нивната конкурентност и да се подготват за учество на европските пазари“, истакна Ален Пилукс, кој го потпиша договорот на церемонијата на која присуствуваше македонскиот министер за финансии, Драган Тевдовски
"Навистина ми е чест што ние сме првата банка на пазарот која ќе понуди повластена кредитна линија за мали и средни претпријатија во вкупен износ од 10 милиони евра, поддржана од ЕБОР. Како посветен и сигурен партнер на македонската економија, Охридска банка Сосиете женерал, преку поволното кредитирање, континуирано ја поддржува МСП, кои се јадро на македонската економија“, изјавила Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје.
ЕБРД инвестира во македонската економија од 1993 година. До денес, Банката има потпишано над 110 проекти во земјата со нето кумулативен обем на дејност поголем од 1,75 милијарди евра.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




