ПОТПИШУВААТ ИЗЈАВИ НА ГРАНИЦА А НЕ СЕДАТ ДОМА: Летаат кривични за непочитување на коронавирус мерките
Објавено во: Македонија 20 Март, 2020
Двајца кумановци и еден охриѓанец ќе одговараат кривично за непочитување на здравствените препораки од владата за време на оваа вонредна состојба кога владее коронавирусот.
Сите тие добија кривични за непочитување на здравствените прописи за време на епидемија.
Имено, 67 годишник од Куманово кој се вратил од Белгија не бил најден дома на адресата која ја навел кога се потпишал за задолќителна самоизолација. Тој во земјава дошол пред три дена преку скопскиот аеродром.
Друг кумановски граѓанин на возраст од 60 години, пак сопственик на угостителски објект ќе одговара исто така за кривично дело бидејќи си го отворил објектот и си услужувал гости.
Кога му била направена контрола биле затекнати две лица кои консумирале пијалаци во објектот.
За „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“ ќе одговара кривично и охриѓанец.
Тој не бил затекнат дома при звршена контрола на лица со мерка „здравствен надзор и домашна изолација“ а во државата дошол од Данска и потпишал изјава дека ќе ги почитува мерките за самоизолација од 14 дена.