ПОТПРОСЕЧНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Очекувајте пообилни врнежи од дожд
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2025 07:00
Под влијание на поголем влажен бран од Медитеранотденес во Македонија ќе има повремени врнежи од дожд, особено во западните и во југозападните предели каде тие ќе бидат пообилни а утре (петок 17 октомври) во текот на денот врнежите ќе се прошират и на другите места како и во Скопје и околината и повремено ќе бидат со умерен интензитет, вели метеорологот Славчо Попоски.
„Поради продорот на поладен воздух од североисток, на високите планини (над 2000 метри надморска височина) ќе има услови за повремен снег.
Локално за време на овој влажен бран ќе наврне позначително количество на воден талог (во западните и во југозападните предели од нашата Македонија над 20 литри на метар квадратен дожд). Ќе дува слаб до умерен ветер кој повремено ќе засилува на интензитет и тој ќе биде од југоисточен правец долж Повардарието а во западните предели ветерот ќе биде од источен и од североисточен правец.
Што се однесува до температурите тие ќе бидат под просекот за овој период од годината и утре наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од 7 до 13 степени, во Скопје до околу 12 степени а максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 9 до 15 степени, во Скопје таа ќе се искачи до околу 13 степени“, вели тој.
Фото.Пиксабеј
Можеби ќе ве интересира
ДА СМЕНАТ ПАТЕНТ, ДА СКРАТАТ ПАНТОЛОНИ, ДА СТЕСНАТ ФУСТАН: Има ли леб од овој занает?
ГО ТУРНАЛЕ НА ЗЕМЈА, ГО УДИРАЛЕ СО КЛОЦИ И МУ ОДЗЕМЕ 8.800 ДЕНАРИ: Еден осомничен за разбојништво во Скопје
ПОГЛЕДНЕТЕ КОЛКУ Е ЧАСОТ ПРЕД ДА ФРЛИТЕ ЃУБРЕ: Од денес тапува на сила забраната за фрлање смет од 22 до 6 часот
САЈКОВСКИ ОТКРИВА: Еве зошто ВМРО-ДПМНЕ е толку загрижена за состојбата во која се наоѓа СДСМ
МИЦКОСКИ БЕШЕ ВО ОБИКОЛКА: Проверуваше дали Скопје е чисто
МАКЕДОНСКИТЕ СУДИИ РАБОТАТ НАЈМАЛКУ А ЗЕМААТ ПЛАТА КАКО ГЕРМАНСКИТЕ: Еве што велат споредбите со другите земји
ГОЛЕМИ ПОПЛАВИ МУ СЕ ЗАКАНУВААТ НА БАЛКАНОТ: Ќе имаме екстремни врнежи, предупредува Попоски
(ВИДЕО) Полицијата натера возач да ги исчисти градежните остатоци што му паѓаа од камионот
Градските инспектори ќе работат трета смена за да гледаат кој фрла отпад по 22 часот





