ТРАМП Е 47-ОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД, ГО ОСВОИ МАГИЧНИОТ БРОЈ, 276 ЕЛЕКТОРСКИ ГЛАСА: Најави значајни промени и во Америка и во светот
Објавено во: Свет 06 Ноември, 2024 11:41
Доналд Трамп е избран за 47. претседател на Соединетите Американски Држави, враќајќи се на функцијата по четиригодишна пауза. Неговата победа означува пресврт во американската политика, а од Трамп се очекува да продолжи со својата агресивна агенда за економски раст, зајакнување на националната безбедност и намалување на регулативите. Претстојните чекори на неговата администрација ќе бидат внимателно следени и дома и во светот, бидејќи политичките приоритети на Трамп можат да донесат значајни промени во домашната и меѓународната сцена.
Трамп на овие избори извојува победа над актуелната потпретседателка Камала Харис, освојувајќи мнозинство гласови во неколку клучни „свинг“ држави. Во своето обраќање по победата, Трамп истакна дека ќе се фокусира на запирање на војните и враќање на американските трупи дома, со што најави промени во надворешната политика на САД. Оваа победа ја враќа републиканската партија на власт, а од неговата администрација се очекуваат промени насочени кон зајакнување на економијата и заштита на националните интереси.
„Ова е политичка победа каква што Америка никогаш не видела. Сакам да му се заблагодарам на американскиот народ што ме избра за 47-ми претседател и 45-ти претседател. Можам да му кажам на секој граѓанин дека ќе се борам за вас, вашите семејства и вашата иднина, ќе се борам со секој здив од моето тело, нема да застанам додека на Американците не им ја дадеме слободната и просперитетна земја каква што заслужувате. Ова ќе биде златното доба на Америка, ова е славна победа која ќе ни овозможи повторно да ја направиме Америка голема“, реше Трамп во обраќањето до нацијата уште кога му недостигаа четирите електорски гласови
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) АВТОБУС УДРИ ВО АВТОБУСКА СТАНИЦА ВО СТОКХОЛМ: Има жртви и повредени
„ОВАА МИСИЈА ЈА БРАНИ НАШАТА ТАТКОВИНА, ГИ ОТСТРАНУВА НАРКОТЕРОРИСТИТЕ“: Хегсет за операцијата „Јужно копје“
Робот во Унгарија изградил куќа од 100 квадратни метри за три дена: Заменува група од пет ѕидари
Зеленски: Никој не ги тера да умираат за урнатини, ќе ги поддржам нашите војници, особено командантите
(ВИДЕО) Трамп го праша сирискиот лидер колку жени има, но и го прсна со парфем
(ВИДЕО) УКРАИНА НАПАДНА СО РАКЕТАТА „ФЛАМИНГО“: Погоди важна цел во Русија
(ВИДЕО) Светски синџир хотели прогласи банкрот и ги исфрли гостите на улица
(ВИДЕО) ФИЛМСКИ ГРАБЕЖ ВО ФРАНЦИЈА: Крадци со динамит кренаа во воздух банкомат
ТАА Е СОГРАЃАНКА НА ПУТИН: Ќе оди во затвор затоа што пеела песни против Кремљ





