ПОТРЕСНИ ФОТОГРАФИИ: СМРТ, ТАГА И СТРАВ на мигранти нема да ве остават рамнодушни!
Објавено во: Балкан 03 Септември, 2015 11:06
Фотографиите од азиланти кои спас од талибанците нашле кај стигнале, секојдневно ги гледаат луѓе ширум светот. Многу од нив се потресни. Слики од измачен народ, жени и деца никој не оставаат рамнодушен.
На фотографиите е прикажано и мртво момче кое лежи на плажа во Турција, додека припадник на крајбрежната стража стои покрај него. Тој е само еден од стотици и илјадници деца кои се жртви на актуелната криза со мигрантитр која го потресе светот.
Како што соопштуваат турски локални медиуми, се удавиле три деца и една жена. Две лица во елеци за спасување допливале до брегот.
Детето, за кое се смета дека е Сириец веројатно се удавило бегајќи од својата земја.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/GhdgnYf1J-o[/embed]Често ја слушаме фразата „мигрантска криза“, а помалку водиме сметка за тешкотиите кои ги преживуваат бегалците како и за самата тежина на целата ситуација.
Малото момченце кое на една слика во прегратки го носи припадник на спасувачката служба е еден од 11 сириски бегалци за кои се стравува дека се удавиле додека со два чамци се обидувале преку Средоземно море да дојдат до грчкиот остров Кос.
Ставот на Европа по прашањето на бегалците со време станува се поостар. Многу од нив не може да поминат преку гранците на европските земји.
Во Велика Британија премиерот Дејвид Камерон и министерот за надворешни работи Филип Хамонд се најдоа на удар на критики поради тоа што, говорејќи за бегалците, се служат со јазик кој го одзема човечкото достоинство.
Состојбата ни кај нас не се смирува. Секојдневно доаѓаат нов бран бегалци.
Од автобуската станица во Гевгелија продолжуваат кон Белград, таму многумина спијат во паркот кај автобуската станица, го чекаат возот за Будимпешта, а многумина би сакале да заминат за Германија.
Не знаат каква иднина ги чека, единствено што сакаат е да побегнат од војната.
А докога ќе трае „мигрантската криза“ никој со сигурност не може да потврди.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација












