Потврден црниот биланс - 35 починати бебиња за 3 месеци
Објавено во: Македонија 10 Април, 2018 07:38
Информацијата дека за првите три месеци од годинава починале вкупно 35 новороденчиња ја потврди и директорката на скопската Клиника за Гинекологија, доктор Викторија Јовановска , што според неа, се исто така алармантни бројки.
– Точно е дека во првите три месеци од 2018 година на клиниката починале 35 бебиња. Најчестите причини за зголемената смртност се недозреани бели дробови и сепса. Факт е дека смртноста мора да се намали. Досега се преземени мерки, но потребни се уште многу работи да се променат за да се намалат црните статистики – вели доктор Јовановска за „Фокус“.
Меѓу главните причини за високиот степен на смртност се недосозреаноста и други видови на компликации.
Уште во февруари министерот за здравство Венко Филипче најави краткорчни мерки за намалување на смртноста на новороденчињата кои треба да ги почитуваат гинеколозите низ Македонија.– Кога станува збор пак, за смртноста на новороденчињата, сакам да потенцирам дека таа во голема мера е последица на несоодветната грижа на мајката за своето здравје додека е бремена. Имено, сите податоци укажуваат на фактот дека најголем процент од починатите бебиња се родени предвреме. Малата родилна тежина, но и екстремна незрелост на виталните органи – белите дробови, црниот дроб и нервниот систем, доведуваат до фатален исход. А предвременото породување, од друга страна, е последица на инфекции кај мајката во уринарниот тракт или на репродуктивните органи. Затоа апелирам до идните мајки да бидат поодговорни и редовно и без исклучок да одат на гинеколошки прегледи – изјави Филипче.
Според податоците од Државниот завод за статистика, во 2016 година на 1.000 живородени починале 11,9 бебиња, што е двојно повеќе од европскиот просек.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




