05 Декември, 2025
0.0279

Потврдено: Менаџерите полесно ги вработуваат оние со кои може заедно да се опијанат!

Објавено во: Мои пари 09 Декември, 2012 12:08

Добивај вести на Viber

Резултатите од студијата го покажале она што го знаат сите оние кои бараат работа: Постојат аспекти на процесот на регрутирање, што се многу субјективни и крајно нефер! Менаџерите кои вработуваат нови работници не секогаш ги избираат најквалификувани кандидати, покажува една студија од Соединетите Американски Држави, каде се заклучува дека  најчесто се вработуваат луѓе кои им се допаѓаат и со кои работодавците сакааат да го потрошат времето. Најчесто вработуваат луѓе со кои сметаат дека можат да станат пријатели, пренесува Форбс. Студијата го истражувала процесот на вработување во елитните инвестициски банки, правни и консултантски фирми. Во неа биле вклучени 120 интервјуа со менаџери кои се одговорни за вработување. Резултатите покажале дека оние кои ги спроведуваат интервјуата за вработување најчесто тргнуваат од сопствените чувства на удобност, валидација и интерес за кандидатите. Со други зборови, тие вработуваат луѓе со кои можат да се поврзат, односно луѓе кои им се допаѓаат. Во многу случаи испитаниците биле вработени на начинот кој повеќе наликува на изборот на пријател па дури и партнер за романтични средби. Еве неколку примери од студијата:  Менаџер на една силна компанијата, одбил да прими одлично квалификуван кандидат, бидејќи тој во својата биографијата како интерес ги навел сквошот и лакрос. Менаџерот сметал дека ова нема да биде добар кандидат бидејчи не се вклопува во организацијата, која е "груба". Во друг одделен случај,менаџерот одбил кандидати кој изразил интерес за литературата од 18 век и авангардните филмови, бидејќи сметал дека тој кандидат е премногу "интелектуалец". Во една инвестициска банка менаџерот објаснил дека неговиот главен критериум за вработување е  нешто што се нарекува тест "заглавени на аеродром" : Дали би сакал да бидан заглавен на аеродром среде снежна бура со оваа личност?!? Меѓу правните фирми, инвестициски банки и консултантски фирми, барањето новиот работник да се вклопи во културата на организацијата наважна е во правните фирми, каде што повеќе од 70 отсто од  испитаниците посочиле дека „вклопувањето“ е најважната работа во процесот на вработување. Оваа студија покажува колку е важно да се вклучат дополнителните интереси во вашата биографија. Еден од банкарите рекол: „Кандидатката рече дека сака сквош. Јас пак ги сакам сите кои сакаат сквош“ и затоа таа била рангирана најгоре на листаат за запослување.Друг банкар изјавил дека кандидатот, исто како и него учествувл на маратонот во Њујорк, а по разговорот за тоа, бил одбран за иден вработен во компанијата. Во оваа студија е спроведено систематско мерење на крајно субјективни аспекти на интервјуто за работа. Резултатите го покажуваат она што повеќето кои бараат работа веќе го знаат:  Постојат аспекти на процесот на регрутирање, што се многу субјективни и крајно нефер! Сепак кандидатите тешко може да влијаат на тоа каков е човекот што го води интервјуто за работа и дали ќе имаат некои заеднички карактеристики и интереси. Сепак, нешто може да се направи. Кога се распрашувате во која компанија аплицирате, прашајте и за организациската култура и размислете дали ќе се вклопите во неа.Во резимето додадете го и делот за вашите хобија, спортски активности па дури и и патување во странство.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Publicis Groupe слави 100 години постоење!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Магија на небото: Дедо Мраз над Скопје!

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници

Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници