08 Декември, 2025
0.0347

Поучна приказна за зафатениот татко која нема да ве остави рамнодушни

Објавено во: Стил 10 Октомври, 2014 20:56

Добивај вести на Viber

" Еден човек се вратил доцна од работа , како и секогаш изморен и нервозен , а на вратата го чекал неговиот помал син. - Тато, може ли да те прашам нешто ? - Се разбира, што има ? - Ти колкава плата добиваш ? - Тоа не е твоја работа ... - намуртено одговорил таткото - и зошто ме прашуваш вакви работи ? - Само сакам да знам , те молам , кажи ми , колку пари добиваш за еден час ? - Штом толку сакаш да знаеш - 100 денари ... - О .. - детето се замислило - Тато, може ли да ми дадеш 50 денари ? - Ако бараш пари од мене за да си купиш некоја глупава играчка или некоја друга глупост не може се налутил таткото - Заминувај во соба и на спиење! Како може да си таков егоист ! Јас работам по цел ден и сум толку уморен , а ти ме замараш со такви работи ... Детето тивко заминало во својата соба и ја затворило вратата.

Таткото седнал , и иако бил лут , се замислил над прашањата на својот син. После еден час , веќе доста порелаксиран , се запрашал можеби пак тие пари му требаат за нешто важно ... Тоа се само 50 денари , а и не се случувало често детето да му бара пари . Таткото отишол во собата . - Не ли спиеш ? - Прашал таткото. - Не тоте , само лежам - одговорило момчето. - Жал ми е , имав тежок ден и повторно постапив грубо со тебе - рекол таткото - Еве, земи ги парите за кои ме замоли .

Детето се насмевнало . - О , тато , ти благодарам! - Радосно викнало тоа - Потоа посегнало под перницата и извадило уште неколку стуткани банкноти. Гледајќи дека детето има уште пари , таткото повторно се намуртил. А малиот ги собрал банкнотите , внимателно ги преброил и погледнал кон татко си. - Зошто ме молиш за пари , кога веќе си имаш? - Прашал таткото. - Бидејќи  не беа доволно. Но сега веќе ми се доволно. - Одговорило детето - Тато, тука имам само 100 денари. Може ли да купам еден час од твоето време ? Те молам, дојди си утре порано од работа, бидејќи многу сакам да вечераш заедно со мене и мама. Таткото бил скршен. Тој го прегрнал помладиот син и го замолил за прошка. Тоа е само едно потсетување за сите нас кои работиме толку многу и трошиме голем дел од времето и енергијата за работи кои не се најважните во животот ... и за жал , доста често , нервозни и изморени, ги игнорираме и повредуваме блиските луѓе , заборавајќи што е вистински значајно за нас ... не смеeме да оставаме времето да помине без да поминеме доволно време со луѓето кои навистина ни значат, оние кои се во нашите срца . Бидејќи во животот , не парите или работата, а времето поминато со луѓето кои ги сакаме , е вистински вредно ! "

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер

МАСК СО ОСТАР КОНТРА УДАР - казната од Европската Унија „го извади најлошото“ од технолошкиот милијардер