19 Декември, 2025
0.0793

Поведена прекршочна постапка против два супермаркети за нефер трговски практики

Објавено во: Економија 11 Март, 2025 11:53

Добивај вести на Viber

Комисијата за заштита на конкуренцијата соопшти дека поведе прекршочни постапки против два синџири на супермаркети по започнувањето на примената на Законот за нефер трговски практики.
„ Комисијата за заштита на конкуренцијата во рамките на своите овластувања и надлежности, во изминатиот период изврши повеќе дејствија во правните субјекти кои се опфатени со Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи.

Врз основ на прибавените податоци, против две друштва кои се активни во трговијата на земјоделски и прехранбени производи преку своја малопродажна мрежа на територијата на Македонија, поведена е прекршочна постапка поради непочитување на одредбите од Законот.

Доколку по завршување на прекршочната постапка се потврди постоењето на прекршок, против правните лица и одговорните лица во истите ќе бидат изречени соодветни казни заради сторените прекршоци“, објави КЗК.

Со законот се опфатени 2.546 производи по тарифен број, а претходно се утврдени 26 нефер трговски практики. Ристески нагласува дека контролата ќе биде строга, но дека за целосна имплементација и значителни ефекти од овој Закон, треба да помине барем една година.


Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд