05 Декември, 2025
0.0494

Повеќе проекти за подобра и помодерна патна инфраструктура

Објавено во: Македонија 14 Март, 2013 14:47

Добивај вести на Viber

Поголем број проекти со кои ќе се подобрува патната инфраструктура во земјава, што е клучно за ефикасност на бизнис заедницата, па затоа е потребно Македонија да се прилагоди на новите состојби и да не настапува со проекти што биле атрактивни пред дваесетина години. Ова го истакна професорот  Вулнет Палоши, по завршување на денешната прес конференција “Конективна Европа- одговор од ЦЕФТА регионот“, што се одржа денеска во Скопје по иницијатива на Стопанската комора на Македонија. -Не треба да останеме на некои проекти што се долгорочни,  а за  чија реализација се променија многу услови во регионот. Македонија уште тапка со тие идеи, а во опкружувањето се случија многу работи. Мора да се прилагодиме на новонастанатите  состојби во интегрираната сообраќајна мрежа“, рече Палоши, предлагајќи на просторниот план на Македонија  да се направат дополнувања со краткорочни решенија кои во период  од пет до десет години би фатиле чекор со функционалните транспортни мрежи. -Коридорот 8 што беше интересен за градба пред десет години, денес веќе не е интересен и концесионерите не се јавуваат. За Коридорот 8 се потребни нови решенија со други варијанти, како проширување со трета или четврта лента, а не автопатско решение што било интересно пред десетина години“, рече тој. Тобијас Бауман од Германската трговска комора, потенцира дека квалитетната инфраструктура  е многу важна за германските и за останатите инвеститори. Меѓу најважните проекти за Македонија е довршувањето на автопатската мрежа на Коридорот 10, изјави Мартин Клауке, раководител на Оддел за оперативни работи при делегацијата на ЕУ. Тој  најави дека ЕУ, ќе продолжи со поддршка на проекти преку ИПА, а веќе се користат 130 милиони евра за различни проекти претежно во областа на железничкиот и патниот сообраќај за коридорите 8 и 10. -Моментно се подготвува Инструментот за предпристапна помош за периодот од 2014 до 2020, кој ќе опфаќа сличен износ на средства. Се уште ги немаме точните бројки, но ќе продолжиме да ја поддржуваме патната инфраструктура. Можеби ќе се смени  малку  фокусот на нашите системи и ќе ги поддржуваме поголемите проекти како коридорите 8 и 10, со поголема поддршка на инвестициската рамка на Западен Балкан и ќе има поактивно мешање на нашите фондови со националниот буџет и со останати средства од меѓународни институции. Ќе се стави поголем акцент и на инфраструктурата на локално и регионално ниво“,  рече Клауке.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски