19 Декември, 2025
0.0488

Повеќе пари за Чавков, помалку за Јолевски: Кои министри ќе се опарат по ребалансот?

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2016 07:58

Добивај вести на Viber

Буџетските приходи се намалени за 48,7 милиони евра, а буџетските расходи за 13 милиони евра. Со ребалансот на Буџетот, дел од агенциите и државните институции останаа со ист буџет, кај дел има кратење но кај дел од министерствата има раст на расходите. Со новиот Буџет ќе има повеќе пари за социјални транфери, плати и надоместоци додека најзначајно е кратењето на капиталните расходи за 45 милони евра. Кои министерства со колку пари ќе располагаат ... Со потписот на новиот министер за финансии Кирил Миновски, дел од министерствата до крајот на оваа година ќе располагаат со помалку пари, а кај дел расходите се зголемуваат. Некои од државните институции и агенции го преживеаја ребалансот, остануваат со исти расположливи средства. Помалку пари од сегашниот Буџет ќе имаат следниве ресори: -Министерството за одбрана со буџет од 92,2 милиони евра или за 2,1 милион евра помалку во однос на сегашните расходи. -Министерството за правда има буџет од 6,2 милиони евра или 611 000 евра помалку во однос на сегашните позиции. -Министерството за надворешни работи со буџет од 20,1 милион евра или 2,1 милион евра помалку во однос на сегашниот буџет. -Министерство за финансии ќе има на располагање за годинава 11,4 милиони евра , со намалување од 804 000 евра. Но кај ставката  Министерство за финасии – функции на државата расходите се зголемуваат на 532,5 милиони евра. -Министерство за економија со буџет од 5,4 милиони евра или намалување за 440 000 евра. -Министерството за транспорт и врски ќе има буџет од 29,3 милиони евра или 3,2 милиони евра помалку во однос на сегашните позиции. -Министерство за образование со буџет од 303,6 милиони евра или 4 милиони евра помали расходи. -Министеството за здравство ќе располага со буџет од 70,3 милиони евра. Намалување за 3,5 милиони евра има и кај буџетот на Владата, пришто се намалува и буџетот на Службата за општи и заеднички работи. Помал буџет се планира и за Министерството за животна средина, Министерството за земјоделство, Министерството за локална самоуправа, Министерството за информатичко општество и Министесртвото за култура. Се крати од Слободните зони и поддршката за инвеститори.... Со ребалансот на Буџетот, кратење има кај дел од државните институции и агенциии и органи на управа. Еве каде ќе има кратења: -Секретаријат за европски прашања, со вкупен буџет од 1,5 милиони евра, или намалување за 130 000 евра. -Секретаријат за спроведување на рамковен договор, буџет од 10,6 милиони евра, со ребалансот намален за 951 000 евра. -Со помалку пари ќе располага и Агенцијата за странски инвестиции, каде се крати и од ставката за поддршка на инвестициските вложувања. Но, намалување на расходите има и кај Дирекцијата за технолошко индустриските равојни зони пришто се намалуваат расходите за поддршка на инвестиционите вложувања но и за слободните економски зони. -Намалување има и на буџетот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. -Агенција з афинанасиска поддршка на земјоделството со буџет од 125,4 милиони евра, сума која е намалена во однос на сегашните позиции. Со помалку пари од сегашните позиции ќе располагаат Царинската управа и Управата за јавни приходи, Со ребаланосот на Буџетот повеќе пари ќе има за: -Министерство за внатрешни работи, вкупен буџет од 149,0 милиони евра или зголемување за 4,3 милиони евра. -Државно правобранителство со буџет од 2,1 милион евра или зголемување за 73 000 евра. -Министерството за труд и социјална политика добива буџет од 639,3 милиони евра, зголемен за скоро 12 милиони евра. Повеќе пари ќе има и за Агенцијата за стокови резерви и Управата за финансиска полиција. Со исти буџетски средства, меѓудругите,  ќе располагаат МАНУ, Секретаријат за законодавство, Агенцијата за администрација, Државниот пазарен инспекторат.

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии