Повеќето Грци ќе гласаат „за“ предлозите на кредиторите?
Објавено во: Балкан, Економија 29 Јуни, 2015 19:03
Голем е прашалникот околу случувањата во Грција. Веќе се се менува од преговорите со кредиторите кон референдумот планиран за оваа недела. Европската унија е склона „да го запре часовникот“, а германската канцеларка Ангела Меркел, цитирана од агенциите, коментира дека институциите треба да се усогласат со мислењето на Грците.
Таа одбила да ги советува како да гласаат луѓето, но тоа задоволство го направил претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер за време на својот брифинг во Брисел. Тој ги повика Грците да го поддржат планот на кредиторите, коментирајќи дека никогаш не би ги оставил Грците и грчкиот народ да ја напуштат ЕУ.
Веќе се појавија и првите резултати од експресни анкети на јавното мислење во Грција во врска со предлогот на кредиторите. Според податоците на двете агенции во неделата може да има големо изненадување за премиерот Алексис Ципрас.
Институтот „Alco“ наведува дека 57% од испитаниците ќе кажат „да“ на предлозите на кредиторите, соопшти „Channel News Asia“. Истражувањето е направено помеѓу 1000 луѓе.
Анкета на „Kapa Research“ пак покажува дека 47,2% од Грците ќе ја поддржат идејата за продолжување на спасувачката програма, односно на извршувањето на барањата од кредиторите. Малку над 48% се категорични дека нема да ја поддржат која и да е акција на владата, што може да доведе до излез од еврозоната. Во истражувањето на „Kapa“ исто учествувале 1.000 лица.
Жан-Клод Јункер денеска бил категоричен дека „тројката“ (ММФ, ЕЦБ и ЕК) не побарале намалување на платите и пензиите, но сепак меѓу предлозите им се за пензиски реформи и зголемување на возраста за пензионирање.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




